По синот на Заев и 18-годишниот син на Венко Филипче отвори сопствен бизнис

Синот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ќе се испрoба во трговијата со конфекција, според јавно достапните информации, кои покажуваат дека тинејџерот од пред точно еден месец е основач на „Демигод“, друштво за продажба на облека на мало, објави порталот Фактор.мк.
Продавницата на 18-годишниот Иво Филипче како што пишува порталот, според адресата, треба да се наоѓа на улица Њуделхиска во скопската населба „Млечен ресторан“.


Синот на претседателот на опозициската партија, пратеник и поранешен министер за здравство минатата година стана полнолетен, а оваа во јуни прослави матура.
Останува да се види дали Иво Филипче ќе го достигне почетниот успех во светот на бизнисот на синот на претходниот претседател на СДСМ, Зоран Заев, пишува Фактор.
Фирмата „Тотал енерџи“ за производство на електрична енергија на Душко Заев лани имала добивка од 58 милиони денари, или околу 954 илјади евра.
Младиот Заев фирмата ја отвори во 2022 година како 18-годишник. Во 2023 година, тој имал добивка од 39 милиони денари, односно 636 илјади евра. Дваесет и едногодишникот стана првиот од семејството Заеви кој почна бизнис со производство на електрична енергија, а по него тоа го сторија неговиот чичко, Вице и неговиот дедо, Панче Заев.
Ново на Сител
-

Одлуката на Г7 за ослободување нафта и дизел од резервите само привремено ќе ги намали цените на горивата, сметаат експерти
-

Рама: Европската Унија ја лаже Украина
-

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта
-

Утре посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон
-

Тројца основци нападнати за време на училишен излет во Сарај
-

Починат 60-годишник пронајден на автобуска постојка во Драчево
-

Силувал девојче под 15 години, го снимал чинот и ја уценувал - кривична за малолетник од Скопје
-

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората
