Бизнис
22. March 2016 - 20:36

Бомбите од Брисел одекнаа и на берзите

Експлозиите  во Брисел ја ослабеа вредноста на еврото,додека вредноста  на јапонскиот јен и швајцарскиот франк порасна. По нападите  нагло се зголеми побарувачката на овие валути кои се сметаат за посигурни засолништа на капиталот.

Јенот скокна за речиси 1 % кон еврото, и го достигна највисокото ниво во последните 12 дена. Еврото ослабе и во однос на франкот и доларот.

Бомбашките напади  во белгиската престолнина ги намалија и главните индекси на берзите во Европа. Особено остро паднаа цените на акциите на воздухопловните компании. Загуба од 4,8% забележаа акциите на Ер Франс, а паднаа и Луфтханза, Рајан ер, Американ Ерлјанс и други авиокомпании.

Сите летови од и до Брисел беа суспендирани.

Се намали вредноста и на други групации кои работат во туризмот меѓу кои ид двата најголеми тур оператпри во светот, ТУИ и Томас Кук кој загуби 5% од вредноста на берзата.

За првпат во четири трговски дена порасна цената на златото.