Верстапен најбрз во квалификациите за спринтот на ГН на САД

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, го постигна најбрзото време во квалификациите за спринт трката на Големата награда на САД.
Во првата сесија, тој имаше време од 1 минута и 33,363 секунди, во втората, 1 минута и 33,163 секунди, а во третата, 1 минута и 32,143 секунди.
Дваесет и осумгодишниот Холанѓанец ја освои квалификациската трка за спринт по десетти пат во својата кариера.
Верстапен ќе стартува од првиот ред со возачот на Мекларен, Ландо Норис, кој имаше време од 1 минута и 32,214 секунди во третата сесија.
Оскар Пјастри од Мекларен и Нико Хилкенберг од Заубер ќе стартуваат од вториот ред.
Од 5. – 10. стартна позиција ќе бидат: Џорџ Расел (Мерцедес), Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Карлос Саинц (Вилијамс), Луис Хамилтон (Ферари), Алекс Албон (Вилијамс) и Шарл Леклерк (Ферари).
Спринтот во Остин ќе се вози вечер со почеток во 19 часот по македонско време.
МИА
Ново на Сител
-

„Вратете ги без страв од осуда“ – Украдена Пресветата Причест од католичка црква на Бит-пазар
-

Фон дер Лајен: ЕУ ја продолжува максималната поддршка за Украина
-

Од вечерва до недела облачно и студено со врнежи од дожд и снег
-

Британците од идната година ќе можат да купуваат автомобили преку платформата на „Амазон“
-

По пријави од граѓани, Министерството за финансии казни две финансиски друштва и им забрани да одобруваат кредити
-

Во Белград уапсен сопственикот на „Информер“ Драган Вучиќевиќ
-

Реал со пресврт до убедлив триумф над ПСВ Ајндховен
-

Српски државјанин осомничен за криумчарење 5.000 штеки цигари преку ГП „Богородица“
