Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски вечерва пред граѓаните на општина Ародром вети дека проблемот со Вардариште ќе биде решен и оти до крајот на негобиот мандат Вардариште ќе биде модерен парк.
Исто така, вечерва на митингот во Аеродром, Ѓорѓиевски најави дека кејот на Вардар ќе биде направен до Долно Лисиче.
Тој пред присутните истакна дека Аеродром е срцето на модерно Скопје, општина полна со живот, со млада енергија и со огромен потенцијал. Најави и голем број проекти кои се планираат за подобрување на животот во оваа општина и подобрување на секојдневнието на жителите.
-Го решаваме сообраќајниот хаос и го поврзуваме Аеродром како никогаш досега! Конечно ќе го завршиме булеварот „АСНОМ“ и ќе ве поврземе со Гази Баба преку новиот мост. Ќе го изградиме и булеварот „Февруарски поход“ со нов мост преку Вардар, со што отвораме целосно нов коридор кон Гази Баба и кон новиот мега парк Вардариште. Предвидуваме реконструкција на улицата Фрањо Клуз, и пробивање на булеварот „Борис Кидрич“. Аеродром нема повеќе да биде сообраќаен остров, туку најповрзаната општина во Скопје. Второ, го решаваме секојдневниот урбан хаос и воведуваме ред. Ставаме крај на опасниот сообраќај кај „Тобако 2“ со изградба на модерен двоен кружен тек. Безбедноста на нашите деца кои одат во училиште е на прво место. И конечно, го решаваме хроничниот проблем со паркирањето, нагласи Ѓорѓиевски.
Додаде дека монтажни катни гаражи ќе се изградат во Ново Лисиче, Јане Сандански и Мичурин, бидејќи како што рече, доста е со кружење и нервози, време е за ред и за слободни тротоари.
Ѓорѓиевски најави и решавање на деценискиот еколошки проблем со Усјанскиот канал, со негово целосно затворање и претворање во уредена, зелена пешачка зона со нова урбана опрема.
-Почнуваме со темелна реформа. Ќе ги реформираме јавните претпријатија за да бидат ефикасни и во служба на граѓаните. Нема повеќе изговори за неисчистени улици и преполни контејнери. Ќе воведеме Нов комунален ред и со Еко-бригади ќе обезбедиме Скопје да биде чист град, онаков каков што сите го посакуваме, вели Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека ја имаат поддршката и од оваа Влада, која им помага на општините, која инвестира во патишта, во градинки, во училишта низ цела Македонија.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска - Давкова: Да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество и одново да ги научиме доблестите на св. Климент што ја одржуваат заедницата
-

Макрон се закани со нови царини доколку Кина не ја промени трговската политика
-

Пронајден починат маж пред Поликлиника Ченто
-

Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
-

Келог: Мировниот договор за Украина е навистина блиску
-

Две жени и рекле дека и е фрлена магија, за да ја тргнат барале пари и накит, измамена жена од кочанско
-

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија
-

Се враќа оригиналниот изглед на Железничката станица, отстранет првиот билборд
