Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Главната расправа за предметот поврзан со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој предизвика сериозни последици, е закажана за 19 ноември 2025 година во судницата на Казнено-поправната установа Идризово, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.
Предметот, кој се води под број К.бр. 1872/25, првично беше поднесен од Основното јавно обвинителство Кочани, а потоа со решение на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, префрлен во надлежност на Скопското обвинителство. Обвинителниот акт е целосно одобрен и распределен преку АКМИС системот кај судијката Диана Груевска Илиевска.
Поради законски ограничувања и лично познанство со дел од оштетените, од постапувањето по предметот се изземени судијките Тамара Витларова – Смилевска и Илина Смичковска – Илиевска. Како втор член на судечкиот совет, согласно измените во годишниот распоред, ќе постапува судијата Ахмед Идризи.
Заради ефикасност и економичност, судот има закажано повеќе термини за главна расправа: 25 и 26 ноември, како и 2, 4, 10 и 11 декември 2025 година. Дополнителни термини ќе бидат утврдени по започнувањето на расправата.
Судот апелира до сите учесници во постапката да пристигнат најмалку еден час пред закажаниот термин, поради безбедносни процедури и навремено започнување на расправата. Акредитираните медиуми треба навремено да ги обезбедат потребните дозволи за снимање и фотографирање од Врховниот суд на РСМ.
МИА
Ново на Сител
-

Десетици пожари беснеат во Србија, едно лице загина, ветерот го отежнува гаснењето
-

Во Скопје на 20 и 21 август авионска, а од 23 до 26 август терестична дезинсекција против комарци
-

Ангелов: Сѐ уште активен пожарот кај прилепското село Чаниште, не загрозува некое село
-

Клековски: Формирана комисија за надзор над случајот со родилката во Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци
-

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино
-

Кокаин во допинг-тестот на Кирјос
-

Десетгодишно дете прегазено во Градско, возачот избегал
-

Битолчанец возел мопед со 2,23 промили алкохол во крвта
