Притвор за неготинец под сомнеж за лихварство, кривична за насилство против невенчаната сопруга
Притвор му бил одреден на неготинец под сомнеж за лихварство, кривична пријава за насилство била поднесена против неговата невенчана сопруга. За ова денеска информираа од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Полициски службеници од ОВР - Неготино ги лишија од слобода С.Н., на возраст од 50 години и неговата невенчана сопруга, 35-годишната Н.А., двајцата од Неготино. Според пријавеното, С.Н. на лице од Неготино пред неколку месеци му дал 2.000 денари, но, бидејќи лицето не успеало на време да ги врати парите со несразмерната камата, му дало накит за да го одложи времето на враќање на парите. Како што е пријавено, на деветти октомври, С.Н и Н.А. отишле во неговиот дом и физички го нападнале, а била турната и неговата сопруга, која се обидела да ги спречи во нападот, појаснија од СВР - Велес.
Како што соопштија оттаму, подоцна, со судска наредба извршен бил претрес во домот на С.Н., при што биле пронајдени и одземени пари во различни апоени и валути, накит, вага, куршуми кои ги поседувал без соодветна документација, патна исправа на друго лице и нотес со запишани белешки.
- Исто така, при преглед кај С.Н. и Н.А. биле пронајдени пари, а откако биле приведени во полициска станица, С.Н. физички нападнал и двајца полициски службеници. Тие се задржани во полициска станица и известен бил јавен обвинител. Против Н.А. е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386, а против С.Н. е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство", „лихварство", „напад врз службено лице" и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје или распрскувачки материјали", информираа од СВР Велес.
Тој бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор во траење од осум дена, по што бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Гевгелија.
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
