Мицкоски до ДУИ: Јас не сум албанофоб, туку криминалофоб кој презира криминалци кои во политиката влегоа голтари, а излегоа милионери

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Неготино во рамките на изборната кампања за локалните избори со слоган „Вистински избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, порача дека поддршката на овие избори и единствената алтернативата е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која значи одење напред и градење на иднината, а другите се СДС и ДУИ, потпомогнати од Левица, се вели во соопштението до ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски посочи дека оваа нивна коалиција е гаранција за враќање назад, за стагнација и за длабока криза, партии кои речиси никогаш не дошле на власт на фер избори, туку како последица на интриги, подземни игри и трикови, какви што прават и сега.
Од Неготино, Мицкоски упати порака и до раководството на ДУИ, јасно посочувајќи им дека не е албанофоб, како што тие кажуваат, туку дека е криминалофоб кој ги презира политичките криминалци кои во политиката влегоа голтари, а излегоа милионери и се богатеа на грбот на граѓаните и дека од прв до последен ќе одговараат за криминалот кој го правеле.
„На секој митинг ги слушам од раководството на ДУИ, како ме нарекуваат ваков, таков, споменуваат орли, зајци за да последно ме наречат албанофоб. Еве јас оттука од Неготино, би сакал и ним да им одговорам. Јас не сум ниту албанофоб, ниту каков било човек којшто е ксенофоб и којшто има проблем со етничката припадност на кој било мој сограѓанин во нашата заедничка татковина, Македонија. Но, да сум криминалофоб и ги презирам оние политички криминалци коишто во политиката влегоа голтари, а излегоа од политиката милионери и сега мислат дека на етничка карта ќе играат и народот ќе заборави што правеа 20 години кога градеа дворци, кога купуваа трговски центри, кога купуваа скапи деловни простории во центарот на Скопје, кога купуваа мајбах автомобили и што уште не, на грбот на нашиот народ. Е јас сум тоа, криминалофоб и ќе одговарате од прв до последен за криминалот што го направивте“, порача Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Успешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадар
-

Савески: Одлуката за жалба за „Талир 2“ ќе биде донесена по анализа на пресудата, а Ленче Ристоска ќе постапуваше доколку не поднесеше оставка
-

Зголемен бројот на ученици и студенти сместени во домови и интернати
-

Жителка на неготинско Долни Дисан измамена за 49.087 денари
-

Мицкоски: Ги исполнуваме обврските од европската агенда, реформите продолжуваат и покрај блокадите на Изборниот законик
-

Кај кавадарчанец пронајдени и одземени 262 куршуми, 51 ловни патрони
-

За шест месеци на ГП „Блато“ кај Дебар минале над 778 илјади патници, што е историски рекордна фреквенција
-

Водата во Гостивар забранета за пиење
