Нагло заладување и обилен дожд, снег на планините од четврток

Под влијание на влажен и постуден бран, од утре попладне до петок, нашата земја ќе биде зафатена од обилни врнежи од дожд и значителен пад на температурите. На повеќе места се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен, а локално и над 50 литри, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во четврток, поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места. На повисоките планини ќе се формира снежна покривка. Температурата на воздухот значително ќе опадне.
Во Скопје, од утре кон крајот на денот до петок времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, повремено побилни. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата значително ќе опадне.
МИА
Ново на Сител
-

САД ја укинаа забраната за летови, се очекуваат доцнења
-

Трамп ќе се сретне со Путин и Шји следната седмица, потврди Белата куќа
-

„Мајкрософт“: Обновени услугите на „Тимс“, „Аутлук“ и „Копилот“ по глобалниот прекин
-

Вонредна ситуацијата во САД, прекинати сите полетување на авиони
-

Мицкоски на увид во градежни активности на проект за подобрување на водоснабдувањето во руралната населба Каменик во Кисела Вода
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Ѓорѓиевски по повод 13 Ноември: Да изградиме Скопје што гордо ќе им го предадеме на идните генерации
-

ЕУ го договорија тимот за преговорите помеѓу Русија и Украина
