Зеленски изрази незадоволство од светските лидери

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази незадоволство што Русија, како што рече, сè уште не се соочила со „остра реакција на светските лидери“ поради своите постапки.
– Има повеќе од доволно изјави, но сè уште нема доволно акции. Русите ги тестираат границите на можностите. Тие ја тестираат реакцијата. Внимателно следат како дејствуваат вооружените сили на НАТО, што можат да направат, а што сè уште не можат, напиша Зеленски на социјалните мрежи.
Тој потсети дека во Белорусија почнаа заеднички воени вежби со Русија, оценувајќи дека тие би можеле да бидат дел од „план за подготовка“. Сепак, не прецизираше на што конкретно мисли.
Украинскиот претседател вчера ја обвини Москва за кршење на полскиот воздушен простор, нарекувајќи го тоа „ново ниво на ескалација“ и „исклучително опасен преседан за Европа“. Според него, станува збор за „уште една рунда ескалација“ во која руски објекти дејствувале во „воздушниот простор на НАТО“.
МИА
Ново на Сител
-

Нов напад врз Техеран - Израелската армија објави снимки
-

Ирак прогласи тридневна жалост поради смртта на Хамнеи
-

ИДФ соопштија дека Хамнеи е убиен во „прецизна, обемна“ израелска операција
-

Убиени началникот на Генералштабот на вооружените сили на Иран и главниот командант на ИРЦГ
-

Иран го нападна аеродромот во Дубаи | ВИДЕО
-

Од денеска до 5 март пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк
-

Од денеска побезбедни онлајн купувања со платежни картички
-

Илјадници Ирачани жалат за смртта на Хамнеи
