Сиљановска Давкова: Уставните судови не се под јурисдикција на соседни политичари

Уставните судови не се под јурисдикција на соседни политичари, а одлуките на овој суд се конечни и не се коментираат, рече денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова во однос на изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев дека е непотребна провоција и правна апсурдна постапка иницијативата за оценка на уставноста на Протоколот од Договорот за доброседство со Бугарија поднесена до Уставниот суд од поранешната пратеничка Лилјана Поповска.
Сиљановска Давкова потенцираше дека е непријатно да се коментираат вакви изјави како и да се даваат комeнтари за работа на Уставен суд, укажувајќи дека Уставниот суд решава дали има основ за проследување на доставените иницијативи.
- Непријатно ми е првин да коментирам вакви изјави како што е непријатно и да давате коментари и за работа на Уставен суд. Уставните судови се дури и надвор од поделбата на власта внатре во државата, сигурно не се под јурисдикција на соседни политичари. Ако некој покренал постапка во Уставниот суд, Уставниот суд ќе реши дали има основ за негово проследување. Одлуките на уставните судови и во Бугарија и во Македонија се конечни и не се коментираат, јас дури ниту тогаш не би ги комнетирала, изјави Сиљановска Давкова, по доделувањето на признанието „Инженерски прстен“ во Охрид.
Уставниот суд на 13. минатиот месец информираше дека е формиран предмет во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија донесен на 17.07.2022 година во Софија, за кој во тек е претходна постапка во која се испитуваат податоците и известувањата потребни за донесување на одлука.
Подносителка на иницијативата, поранешната пратеничка и претседателка на ДОМ Лилјана Поповска, наведува дека со оспорениот Протокол е прекршен Уставот и тврди дека има несоодветна форма и содржина, дека излегува надвор од рамките на правен акт кој обработува еден член од Договор меѓу две земји и произведува штетни дејствија врз идентитетските прашања за македонскиот народ, јазик и држава.
Поповска бара поништување на Протоколот и наведува дека поништувањето е издржано согласно Виенската конвенција за договорното право(1969) со која е овозможено поништување во случај кога е во спротивност со императивната норма на општото меѓународно право, што таа го толкува и во овој случај.
-Според наведеното во иницијативата Протоколот е во спротивност со Уставот, бидејќи не е ратификуван во Собранието, не е објавен во дадениот уставен рок во „Службен весник на Република Северна Македонија”. Дополнително, се тврди дека е во спротивност со членовите 6-16, 19, 20 и 26 од Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори бидејќи не е почитувана процедурата за негово договарање, усвојување од страна на Владата и потпишување, стои во наводите на иницијативата.
Во иницијативата, како што информираа од Уставен, е наведено дека Протоколот не е полноправен акт потврден од Параламентот туку останува само записник од состанок на Меѓувладина комисија. Се тврди дека за разлика на процедурата спроведена во Република Северна Македонија која ја оценува како нетранспарентна и со пропусти, бугарската собраниска Комисија за текстот на Протоколот дискутирала уште на 23.06.2022 година, еден месец пред министрите за надворешни работи на двете земји да го потпишат Протоколот, а потоа на седница на 24.06.2022 година го усвоила целиот пакет од Францускиот предлог за почеток на преговорите со Северна Македонија со имплицитно вградениот Протокол.
МИА
Ново на Сител
-

МВР: Лицето кое го влечат на снимката од Битола не е 39-годишникот пронајден мртов пред болницата
-

За една година поднесени 1.883 барања за ин–витро на товар на државата
-

Николоски: Градежништвото е силен двигател на македонската економија
-

Белата куќа на својот сајт објави видео-игри со политиките на Трамп: Во едната ловите мигранти, во друга градите ѕид
-

Шкрипите со забите додека спиете? Околу 10 отсто од луѓето имаат бруксизам, а повеќето не се ни свесни
-

Нова надеж за трансплантациите: Бубрег од свиња функционирал 271 ден во телото на пациент и го ослободил од дијализа
-

Конфликтот во Иран не е „војна“, сообраќајот низ Ормуската Теснина речиси нормализиран, изјави Венс
-

Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ во Скопје во чест на 35 години независност
