Во Штип Отворени денови на Управата за имотно-правни работи

Директорот на Управата за имотно-правни работи, Зоран Крстаноски денеска заедно со вработените од регионалната канцеларија во Штип го реализираа проектот „Отворено денови со граѓаните“. Крстаноски изрази задоволство од работата и од брзината на решавањето на предметите во ова одделение, во кое има поднесено поголем број барања за приватизација на земјиштето.
- Поднесени се 14.901 барање за приватизација во штипското одделение на Управата за имотно-правни работи. Меѓутоа поради континуитет на работниот процес, околу 6.000 предмети од тие веќе се пренасочени на решавање во соседни одделенија на штипското, каде што се соочува со помал обем на работа, а се со цел побрзо да се постапува по овие поднесени барања. Во ова одделение се останати околу 2.900 предмети, кои што се комплетираат со потребната документација и во најкраток можен рок се очекува да се донесат и решенијата за приватизација, рече Крстаноски.
Тој истакна дека пренасочувањето на барањата за приватизација во сооседните одделенија е направено со цел граѓаните побрзо да ги добијат решенијата.
- Во различни одделенија немаа еднаков обем на работа. Тоа ние го имавме предвид кога ја направивме таа распределба, така што можам да кажам дека ефектите од тоа прераспределување навистина ги оправдуваат нашите очекувања и сосема сме задоволни од тој потег, кој што го направивме, бидејќи голем дел од тие предмети веќе се комплетирани од Штип и пратени во друго одделение, каде што веќе се донесува само решението. Голем дел од нив се и веќе решени, рече Крстаноски.
Според него постапката за приватизација е забрзана и благодарение на тоа што електронски се поврзани Агенцијата за катастар и Управата за имотно-правни работи. Приоритет во текот на наредниот период им е реашвањето на барањата за приватизација на земјиштето, но и да одговорат на барањата на општините, кои бараат да се реализираат одредени проекти, како што се изградба на водоводи, канализациони мрежи, локална патна инфрструктура.
Ново на Сител
-

Петмина загинати во хеликоптерска несреќа во Танзанија
-

Иран заплени странски танкер под сомнение за шверц на гориво
-

Илјадници верници го прославија Бадник во Витлеем
-

Со брза размена на информации и соработка со бугарските служби, спречен шверц на оружје од Турција во Македонија | ФОТО
-

Научници се сомневаат на можна врска меѓу тетоважите и ракот на кожата
-

Со воведни зборови на одбрана продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Зимата ќе биде без екстремни периоди, студени бранови кон крај на декември до средина на јануари и крајот на февруари
-

Римокатолиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божик
