Маск најави тужба против Епл

Сопственикот на СпејсИкс, Тесла и „X“, Илон Маск, потврди дека планира да ја тужи Епл затоа што не ги вклучил „X“ и четботот „Грок“ меѓу најпрепорачаните апликации во „Aп стор“.
- Еј „Епл Ап стор“, зошто одбивате да го ставите „X“ или „Грок“ во вашиот дел „Задолжително“ кога „X“ е апликација за вести број еден во светот, а „Грок“ е број пет меѓу сите апликации? Дали играте политика? Што добивате? Љубопитните умови сакаат да знаат, напиша Маск. „Грок“ е во сопственост на стартапот за вештачка интелигенција на Маск, хАИ.
„Епл се однесува на начин што спречува која било компанија за вештачка интелигенција, освен ОпенАИ, да достигне број еден во „Ап стор“, што е јасно кршење на антимонополските закони. хАИ ќе преземе итни правни мерки“, рече Маск. Тој не даде дополнителни детали.
Епл се соочи со серија антимонополски обвинувања во последните години. Европската комисија го казни Епл со 500 милиони евра во април за прекршување на обврските според Законот за европски дигитални пазари. Во тој случај, проблемот повторно беа нефер условите во „Ап стор“.
Се покажа дека Епл им забранува на развивачите на апликации да им ставаат на располагање на потрошувачите понуди надвор од „Ап стор“. Корисниците не се во можност целосно да ги искористат алтернативните и поповолни понуди бидејќи Епл им забранува на развивачите директно да ги информираат за таквите понуди.
МИА
Ново на Сител
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
-

Две лица од Крива Паланка, едниот од нив малолетник, физички нападнале службени лица од АХВ
