Тројца возачи кои возеле под дејство на алкохол се приведени

Полициски службеници во изминатите 24 часа во три различни контроли лишиле од слобода тројца возачи, кои управувале возила под дејство на алкохол, а двајца предизвикале и сообраќајни незгоди. Против нив, како што иниформираат од МВР ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Валандово вчера во 5:30 часот во с.Јосифово, валандовско, го лишиле од слобода Т.Ј. (52) од с.Удово, валандовско. Околу 04.20 часот на регионалниот пат Р-1105, кај с.Јосифово, валандовско, управувајќи патничко возило „опел корса“ со валандовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот, по што се оддалечил од возилото, кое целосно изгорело. Во несреќата, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Валандово, а при проверка било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,19 промили алкохол во крвта. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Валандово.
Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Крива Паланка денеска во 07.00 часот на магистрален пат А2 во село Гиновци, општина Ранковце, го лишиле од слобода М.Ц. (38) од Радишани, скопско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мазда“, кое го управувал М.Ц. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.13 промили алкохол во крвта.
Полициски службеници од ОВР Берово вчера во 07.50 часот на регионалниот пат Делчево-Берово, во с.Смојмирово, беровско, го лишиле од слобода А.Н.(30) од с.Црник, пехчевско. При вршење увид по претходно случена сообраќајна незгода, полициските службеници констатирале дека А.Н. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,94 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил приведен и задржан во полициска станица, информираат од МВР.
Ново на Сител
-

Минусни температури утрово на Попова Шапка, во Маврови Анови и Крушево
-

Трамп: Многу „гадови“ во САД го сакаа Епстин, а сега лажно тврдат дека не го познаваат
-

Без вода корисниците од улицата „Ванчо Мицков“ во Карпош
-

Петрова и Клековски ќе ги презентираат резултатите од контролите кај приватни гинеколошки ординации со договор со ФЗО
-

Мицкоски и Тошковски на промоција на нови возила на македонската полиција
-

Папа Лав Шеснаесетти: Доста беше војна во Украина, сега Москва и Киев нека разговараат
-

Русија: Ракетата „Сојуз“ лансираше сателит во орбитата
-

Променливо облачно, дожд и снег во југозападните делови од државата
