Се постапува за утврдување случаи со дивоградби, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека се постапува за утврдување случаи со дивоградби и најавува дека резултатите ќе бидат видливи во скоро време. Потврди дека има наредба од јавен обвинител и се постапува.
Тој на прес-конференција во Владата за резултатите од првата година од мандатот истакна дека за разлика од претходно сега имало неселективна и бескомпромисна борба против секој кој се огрешил пред законот.
-За разлика од претходно, сега МВР покажува дека можело да има неселективна и бескомпромисна борба спрема секој еден кој ќе се огреши пред законот. Го покажавме тоа, со постапувањето против врховни судии, член на обезбедување на премиер, актуелни директори, министри, директори на институции кои што злоупотребувале буџет, актуелни, поранешни, и градоначалници. Мислам дека македонскиот народ конечно гледа разлика како се постапувало и како треба,го гледа тоа, го чувствува, рече Тошковски, во одговор на новинарско прашање.
Ниеден предмет во интерес на јавноста, посочи, нема да биде оставен под знак прашалник.
- Во однос на тоа дали има наредба од страна на јавен обвинител, да, има и постапуваме. Ве уверувам дека како за сите предмети за кои се постапувало под ова раководство така и во иднина нема да оставиме под знак прашалник ниеден конкретен предмет во интерес на јавноста. Во однос на сите ќе постапуваме така како што и прилега на една европска земја. За разлика од тие претходно не сме европјани само декларативно, тоа го покажуваме со дела, подвлече министерот Тошковски.
Во однос на тоа дали е утврден случај на дивоградба во Чаир рече дека не знае, но увери дека се постапува и оти резултатите ќе се видат наскоро.
Ново на Сител
-

ФФМ најостро ги демантира објавените лаги и манипулации на новинарот Фуркан Салиу
-

Кривична пријава против три лица од Р. Судан кои нападнаа 27-годишник од Скопје
-

Трамп објави дека ги зголемува глобалните царини на 15 проценти
-

Поднесено обвинение против 21-годишник од Свети Николе: Jа тепал бремената девојка и ја заклучил во соба 15 часа
-

ЗОИ2026: Злато за Франција во скијачко планинарење
-

Жител на Франгово управувал автомобил без возачка, возилото е одземано
-

39-годишен маж киднапиран во тетовско, три лица приведени
-

Автомобил излета од патот во виничко, возачот почина
