Доаѓа топол бран - од утре до средината на следната седмица температури и над 40 степени

Под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре до средината на следната седмица, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа ќе надминува 40 степени Целзиусови, информираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Институтот за јавно здравје деновиве излезе со препораки за заштита на повозрасните од топлото време.
Се апелира повозрасните да избегнуваат изложување на сонце, како и работа на отворено, во периодот од 11 до 17 часот. Да носат лесна, светла и памучна облека, заштитни очила за сонце, капа со висок свод и широк обод и крем со УВ фактор 30+ при изложување на сонце. Да се пие повеќе од вообичаено и да не се чека додека не се почувствува жед за вода.
Алкохолните пијалаци да се избегнуваат, како и оние што содржат кофеин, но и екстремно ладните. Доколку лекарот им има поставено некои ограничувања за внес на течности, да се консултираат со него.
Се препорачува да се избегне користење шпорет, рерна и слични уреди од 11 до 17 часот.
-Хроничните болни, посебно оние со болести на кардиоваскуларниот систем, невролошките и белодробните болести, потребно е да бидат посебно дисциплинирани по однос на овие препораки и да ја земаат својата редовна терапија, нагласуваат од ИЈЗ.
За сите промени во здравствената состојба, како што се истакнува, задолжително да се консултира избраниот матичен лекар.
Ново на Сител
-

Погодена американската амбасада во Кувајт
-

Орбан: Денеска ќе ги презентираме доказите за состојбата на „Дружба“, ќе ја прекинеме блокадата на Зеленски
-

Лариџани: Иран нема да преговара со САД
-

Трагедија во Иран: Паднала бомба среде натпревар и загинаа 20 одбојкарки
-

Иран започна напади врз нафтени капацитети во Саудиска Арабија
-

Израел го уби лидерот на парламентарното крило на Хезболах, Мохамед Раад
-

Трамп елиминираше двајца од најблиските сојузници на Пекинг за помалку од два месеца
-

Рана пролет годинава, во текот на денот до 17 степени
