Разбојничка кражба во фризерски салон во Битола, осомничениот во бегство

Истражна постапка е покрената против 22-годишен битолчанец кој е осомничен за кривично дело „разбојничка кражба“. Од Јавното обвинителство денеска соопштија дека битолчанецот се уште е во бегство и дека полицијата трага по него.
На 23 јуни околу пладне, осомничениот влегол во фризерски салон и побарал пари од фризерот. Тој одбил доброволно да му даде, по што осомничениот го искористил моментот кога оштетениот се оддалечил од фиоката во која го чувал прометот од фризерските услуги, ја отворил фиоката и ги одзел речиси сите пари кои биле внатре, односно 3.000 денари.
- Веднаш се обидел да избега од салонот, но оштетениот го фатил и го држел за да го спречи да замине додека не биде повикана полиција. Затекнат при кражбата, осомничениот му се заканил на оштетениот дека ќе го испрска со солзавец, поради што тој го пуштил да си замине со украдените парични средства, информира денеска Јавното обвинителство.
До Основниот суд во Битола доставен е предлог за притвор кој ќе почне да се применува веднаш што лицето биде пронајдено.
- Притворската мерка е побарана бидејќи се работи за лице кое и претходно е осудувано за исти и слични дела и очигледно е дека се крие и се обидува да ги избегне органите на прогонот. Исто така, важни докази за настанот се исказите на оштетениот и на сведоците кои во моментот биле присутни во фризерскиот салон, па без најстрогата мерка за обезбедување постои реална опасност осомничениот да се обиде да влијае врз нив и со тоа да ја попречува истражната постапка. Јавниот обвинител особено го имаше предвид исказот на оштетениот кој се чувствува загрозен и бара да биде заштитен од осомничениот во текот на постапката, се вели во информацијата од Јавното обвинителство.
Ново на Сител
-

Тошковски: Толеранцијата на „Безбеден град“ ќе биде идентична со полициските радари
-

Нови зборови за новото време: Мисија на „Зборци“ | Виктор Бучковски | Sitel Podcast 132
-

Магла на планинските премини Стража, Плетвар и Крушево, сообраќајот се одвива по влажни коловози
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Мухамет Хоџа нов министер за животна средина, Беким Сали министер за евроинтеграции
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
