Нетанјаху поради Иран и Газа бара одложување на рочиштето во процесот за корупција

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска побара одложување на судското рочиште во процесот кој се води против него за наводна корупција, наведувајќи ги „регионалните и глобални случувања“ од 12-дневната војна на Израел со Иран, како и континуираните борби во Појасот Газа.
-Со почит го молиме Судот да нареди откажување на рочиштата на кои премиерот требаше да сведочи во следните две недели – напиша адвокатот на Нетанјаху во барањето за одложување. Тој објасни дека Нетанјаху „бил должен да го посвети целото свое време и енергија на решавање на национални, дипломатски и безбедносни прашања од најголема важност“.
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече судењето на Нетанјаху „лов на вештерки“ и во порака на својата платформа Truth Social напиша дека судењето треба веднаш да се откаже или Нетанјаху – „големиот херој да биде помилуван“ откако ја заврши војната против Иран.
Израелскиот опозициски лидер Јаир Лапид денеска го предупреди Трамп да не се меша во внатрешните работи на Израел.
Нетанјаху е премиер со најдолг стаж во Израел. Тој негира каква било вина на судењето, кое беше одложувано неколку пати од почетокот во мај 2020 година.
Во првиот случај, Нетанјаху и неговата сопруга Сара се обвинети за прифаќање луксузна стока во вредност поголема од 260.000 долари – меѓу другото и пури, накит и шампањ од милијардери во замена за политички услуги.
Во другите два случаја, Нетанјаху е обвинет дека се обидел да издејствува два израелски медиуми поповолно да пишуваат за него.
Ново на Сител
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
-

Дугин: Почна трета светска војна, следна е Русија
-

Руте: Останете безбедни и чувајте нè безбедни
