Бела куќа: Иран не го преместил збогатениот ураниум пред нападот

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли хипотезата дека Иран го преместил високо збогатениот ураниум пред американските напади.
Доналд Трамп ги критикуваше американските медиуми по објавувањето на доверлив документ на американското разузнавање кој фрла сомнеж врз ефикасноста на бомбардирањата извршени во поддршка на Израел во неделата во нуклеарните централи Фордоу, Натанц и Исфахан.
Според него, нападите на САД во Иран резултирале со целосно уништување на целните нуклеарни објекти.
Директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, исто така, потврди во соопштение дека, според „веродостојни информации“, нуклеарната програма на Техеран е „сериозно оштетена од неодамнешните целни напади“.
Техеран призна во среда дека неговите нуклеарни објекти биле „значително оштетени“ од израелското и американското бомбардирање за време на 12-дневната војна.
Но, експертите ја покренаа можноста дека Иран се подготвил за нападот со отстранување на своите 400 килограми ураниум збогатен на 60 проценти, ниво блиску до прагот од 90 проценти потребен за развој на атомска бомба.
„Можам да ви кажам дека Соединетите Американски Држави не добија никакви индикации дека високо збогатен ураниум бил преместен пред нападот“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, за „Фокс њуз“.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), со која иранскиот парламент сака да ја прекине соработката, „го изгубила од вид материјалот од моментот кога започнале непријателствата“, изјави нејзиниот генерален директор, Рафаел Гроси, на француската телевизија.
Ново на Сител
-

ДЗС: Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Првата светска војна
-

Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, сите патни правци се проодни
-

Сакам да кажам со Горан Михајловски | Неформално | Sitel Podcast 134
-

Двајца мажи пронајдени мртви во викендица
-

Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела
-

Почина жената што беше прегазена утрово кај ТЦ Беверли Хилс
-

16-годишник монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка во Куманово
-

Препознатливиот навивачки „брк“ Ристо Шиц ќе патува со Фалангата во Данска на ЕП
