САД ја продолжија вонредната состојба на Западен Балкан на уште една година

Почнувајќи од денеска, 26 јули, САД ја продолжуваат за уште една година националната вонредна состојба во однос на Западен Балкан, која беше прогласена во 2001 година.
Извршната наредба за продолжување на вонредната состојба ја потпиша од американскиот претседател Доналд Трамп, а ја објави Федералниот регистер на САД.
Во документот се наведува дека националната безбедност и надворешната политика на САД се загрозени „од дејствијата на лицата кои учествуваат, помагаат, спонзорираат и поддржуваат екстремистичко насилство во Северна Македонија и на други места во Западен Балкан, како и од попречувањето на спроведувањето на Дејтонскиот договор или кршењето на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации“.
Во текстот се додава дека „дестабилизирачките дејствија, корупцијата и обидите за поткопување на суверенитетот на земјите во регионот претставуваат голема закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“.
Извршната наредба со која првпат беше прогласена вонредна состојба на САД во однос на Западниот Балкан беше објавена на 26 јуни 2001 година, за време на мандатот на американскиот претседател Џорџ В. Буш.
Претходниот американски претседател Џо Бајден ја потпиша Извршната наредба 14140 на 8 јануари, пред да ја преземе функцијата новоизбраниот претседател Трамп, со која беше продолжена вонредната состојба во врска со Западниот Балкан до 26 јуни оваа година.
Ново на Сител
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
-

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата
-

Полиција потврди дека крадците испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
-

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
