Николовски: Од Блискиот Исток до Балканот - нафтата стана оружје, а енергијата економски адут
Енергетиката претставува стратешки адут во меѓународните преговори и заштитата на државниот суверенитет – без разлика дали станува збор за снабдување со гас, нафта или други ресурси, истакна енергетскиот експерт Николовски за „Локално“.
Геополитичките тензии меѓу Израел и Иран се одразија и врз македонската економија, пред сè преку поскапувањето на нафтата и нафтените деривати. Стопанството бара долгорочна стратегија, бидејќи земјата е увозно зависна. Владата уверува дека навремено реагира на глобалните случувања.
По почетокот на конфликтот, цената на нафтата скокна за над 4% во еден ден, што покрена прашања за инфлација и зголемени производствени трошоци. Според експертот за енергетика и екс-директор на Агенцијата за енергетика, Дарио Николовски, пазарот е чувствителен на секоја закана поврзана со клучни транспортни рути како Ормускиот теснец. Тој предупредува дека цената на нафтата влијае на сите производи, што директно го намалува животниот стандард на граѓаните.
Николовски потсетува дека енергетиката е стратешко оружје во геополитиката. Како пример ја наведува кризата со рускиот гас за време на нападот врз Украина, кога Европа се соочи со ризик од енергетски колапс.
Тој предлага Македонија да инвестира во когенеративни постројки и батериски системи за складирање енергија, и да се фокусира на реализација на големи проекти како ХЕЦ Чебрен, со цел енергетска независност.
Во меѓувреме, по најавите за примирје, цените на нафтата паднаа. Брент нафтата се намали за 4,66% на 68,15 долари, а американската за 4,64% на 65,33 долари по барел. Олабавувањето на санкциите кон Иран може да зголеми понудата и да стабилизира пазарот. Сепак, ако конфликтот продолжи, цените на енергијата и храната би можеле дополнително да се зголемат – како што се случи и по почетокот на војната во Украина.
Ново на Сител
-

Лавров: Обвинувањата за инцидентот во Лајпциг се „почеток на вистинска војна“
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев на разговори за прекин на војната
-

19-годишна девојка го пријавила поранешниот партнер, ја нападнал во нејзиниот дом и ѝ одзел пари
-

70-годишник измамен за 720.000 денари, маж му барал пари за наводно лекување на својот син во странство
-

69-годишен пешак тешко повреден откако во него удрил автомобил во Струмица
-

Кумановка пријавила дека била нападната од синот и снаата
-

Владата: Акцијата против осомничениот за поткуп е дел од заложбите за бескомпромисна борба против корупцијата
-

Ангелов: Активни се шест пожари на отворен простор, најкомплексен е пожарот кај Рамно во Општина Чучер Сандево
