Нетанјаху прогласи историска победа

Израелскот премиер Бенјамин Нетанјаху доцна синоќа изјави дека неговата земја „постигнала историска победа“ во операцијата „Исправен лав“. Тој истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп „се придружил на невиден начин“ и му се заблагодари за „неговата улога во одбраната на Израел и отстранувањето на иранската нуклеарна закана“.
Тој истакна дека нападот на САД врз Иран „е плод на дипломатската кампања што ја водеше со министерот Рон Дермер“.
-Израел никогаш немал пријател како претседателот Трамп во Белата куќа и му се заблагодарувам од дното на моето срце за нашата заедничка работа, рече Нетанјаху, неколку часа откако лутиот Трамп остро го критикуваше Израел за кршење на примирјето со Иран.
Нетанјаху тврди дека американските сили го уништиле подземниот објект за збогатување ураниум во Фордо.
-Ако некој, ако некој во Иран се обиде да ја обнови нуклеарната програма, ние ќе дејствуваме со иста решителност, иста сила, за да го спречиме секој таков обид, повтори тој.
„Повторувам – Иран нема да има нуклеарно оружје“, продолжи тој.
Нетанјаху се пофали дека Израел ја уништил иранската програма за балистички ракети и повеќето од неговите лансери.
-Израел му нанесе тешки удари на злиот режим, повтори тој. Тој се осврна и на ситуацијата во Газа, велејќи: „Мораме да го победиме Хамас и да ги вратиме заложниците“.
Ново на Сител
-

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат
-

Ваташанец лишен од слобода, возел со 1,77 промили алкохол во крвта
-

Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез и излез
-

Рубио повика на воздржаност поради ескалацијата на насилството во Јемен
-

Хрватска од 1 јануари ја презема контролата и заштитата на сопствениот воздушен простор
-

Пет лица се повредени во руски напад врз Киев
-

Две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја
-

Фон дер Лајен телефонски ќе разговара со Зеленски и други европски лидери
