Денеска средба помеѓу родителите на починатите во пожарот во Кочани и јавните обвинители

Родителите на починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, денеска ќе се сретнат со јавните обвинители кои ја водеа истрагата за трагедијата. Средбата доаѓа по нивното барање за објаснување на обвинението поднесено минатата недела. Родителите побараа одблизу да се запознаат со истражната постапка и обвинителниот акт, кои лица се опфатени и зошто дел од осомничените не се опфатени со обвинението. Средбата меѓу родителите и јавното обвинителство е закажана за во 13 часот во мултукултурниот центар во Кочани.
Во меѓувреме, нејасно останува каде ќе им се суди на 34та обвинети за трагедијата. Кочанскиот суд, не можел да го оцени обвинението бидејќи сите судии веќе работеле на предметот при одредување на притворите, па бараат штипска апелација да одлучи кој суд ќе постапува. Од апелациониот суд во Штип велат дека откако ќе го добијат мислењето од вишото обвинителство ќе одлучат дали предметот ќе се суди во некој од судовите во апелационото подрачје или пак надвор од него.
Во петокот обвинителството го поднесе обвинението за пожарот во дискотеката. Обвинети се 34 лица, двајца поранешни министри, четворица директори на дирекцијата за заштита и спасување, тројца градоначалници, сопственикот на дискотеката, обезбедувањето, пазарни инспектори. Обвинети за кривчно дело, тешки дела против општата сигурност.
Ново на Сител
-

Стабилно и потопло време до петок, за викенд дожд и снег на планините
-

Повеќе пари за новороденчињата во Гази Баба: Поддршката се зголемува на 8.000 денари
-

СПМ ја поддржува иницијативата за укинување на "техничката влада"
-

СЗО предупредува: Алкохолот во Европа е премногу евтин и достапен
-

Лажни реклами за онлајн казина кружат на социјалните мрежи, алармира АПИС
-

Истражување: Повеќе од 388 милиони христијани доживеале прогон поради својата вера во 2025 година
-

Франција ќе отвори конзулат на Гренланд
-

Битолчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и направил сообраќајка
