Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе влијае врз цената на нафтата и во Македонија

Војната меѓу Израел и Иран ќе има влијанија врз цената на нафтата и во Македонија, смета претседателот на Регулаторната комисија за енергетика водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимовски, но не очекува влијание на цените на останатите продукти.
По ноќешните напади на Израел врз Иран, тој посочи дека утрово цената на светските берзи на бренд нафтата била зголемена за десеттина долари. Зголемувањето, според Бислимовски, е шест-седум долари.
- Апсолутно ќе има влијанија, да видиме како ќе се одрази во следните денови. За следната недела не верувам дека ќе има некое драстично влијание кога ќе ја носиме одлуката, но понатаму доколку продолжи ваквиот тренд на високи цени на нафтените деривати. Апсолутно дека ќе има влијание и на цената која што ќе ја плаќаат корисниците во Македонија, изјави денеска Бислимовски пред обраќањето на панел сесијата „Енергетска ефикасност и интеграција на обновливи извори на енергија во комуналниот сектор“ во рамки на меѓународната конференција „Иднината на комуналниот сектор“, што се одржува во Охрид.
Изрази надеж дека по пикот цените ќе се стабилизираат, посочувајќи го примерот со војната во Украина кога цената на дизелот достигна 110 долари по барел.
- Се надеваме дека ова ќе биде само еден пик и понатаму ќе се стабилизираат цените, како што беше тоа случај кога почна војната во Украина, имаше пик па се стабилизира и во последните неколку месеци тие се движеа меѓу 65 и 68 долари за барел. Сега имаме прв пат ситуација утрово цената да е 78 долари за барел, но да се надеваме дека тоа ќе биде само еден пик, рече Бислимовски.
Тој потсети на поскапувањата на повеќето продукти со зголемувањето на цената на нафтата при почетокот на војната во Украина и оти со намалувањето на нафтените деривати не ги вратија назад.
- Кога зборуваме за цените на нафтените деривати, дизелот кога беше 110 долари беше причина за голем број поскапувања. Денеска цената на дизелот е 66-67 денари, а цените на производите кои тогаш се покачија не се вратија назад. Не верувам дека тоа ќе има драматично влијание на останатите продукти коишто се користат во Македонија, заклучи претседателот на РКЕ.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Високо образование на мајчин јазик е неспорно, македонскиот е официјален јазик во правосудниот систем
-

Роналдо доби казна од 255 евра - пари кои тој ги заработува за само 39 секунди
-

Трамп: Ѝ дадовме многу на Украина, тие нам ништо не ни дадоа
-

Рама најавува нови мерки: Пониска возраст за кривична одговорност и забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години
-

Apple чекал 15 години за првиот преклопен iPhone: „Не сакавме да направиме евтин и неквалитетен телефон“
-

Македонскиот крем – де ла крем со предновогодишен концертен спектакл: Сузана, Наум, Миле и Баже со нивните гости во кафеанска ноќ за паметење!
-

Приведена жена од ресенско, управувала возило со брзина од 142км/ч на место каде дозволената брзина е 50км/ч
-

Обвинителите бараат Уставниот суд итно да го разгледа намалувањето на коефициентите за пресметка на платите во ЈО
