Објавен трет дел од проектот „Специјална едиција на документи верни на оригиналот“

Државниот архив на Република Македонија го објави и третиот дел од проектот „Специјална едиција на документи верни на оригиналот“, за кој се избрани пет од големиот број документи чувани во депото на Архивот.
Како што соопшти ДАРМ, се работи за документите: Писмо од раководството на Вториот македонско-одрински револуционерен округ до војводите Кочо, Тане, Леко и Пандил во Леринско, 16 мај 1905 година; Потврда за примена награда во знак на благодарност за услуги кон Македонското ослободително дело на Георги Х. Митрев, од Централниот комитет на ВМРО, декември 1925 година; Говорот на Панко Брашнаров по повод отворањето на Првото заседение на АСНОМ, 2 август 1944 година; Решение за македонската азбука донесено од Народната влада на Федерална Македонија, со објаснување на новите букви и темните гласови во азбуката, дадено од Министерството за просвета на Федерална Mакедонија, Скопје, 16 мај 1945 година; и Закон за химната, август 1946 година.
- Проектот почна да се реализира во 2015 година и досега се објавени 16 документи. Едицијата ќе продолжи да се објавува, а сите заинтересирани ќе може да ги набават ексклузивните копии по пристапни цени во Државниот архив на Република Македонија, но и во сите сувенирници во надлежност на Министерството за култура, информира Архивот.
Ново на Сител
-

Мурињо не дозволува трансфер во Барселона
-

Српските студенти во блокада за утре најавија акција за собирање потписи - „Распиши победа“
-

Зеленски ќе ја посети Канада на пат кон Флорида, онлајн ќе разговара и со европските лидери
-

Вучиќ разговарал со Орбан за енергетската безбедност, му се заблагодарил за поддршката на Србија
-

Сиљановска-Давкова: Вредноста на нашите мировници никогаш не била повидлива
-

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат
-

Ваташанец лишен од слобода, возел со 1,77 промили алкохол во крвта
-

Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез и излез
