Притвор за 53-годишник осомничен за продажба на кокаин во Велес

Основното јавно обвинителство Велес отвори истражна постапка против 53-годишно лице, осомничено за нелегална продажба на наркотични дроги. Според обвинението, осомничениот на 29 ноември 2024 година неовластено продал речиси еден килограм кокаин на жител на Велес за договорена сума од 50.000 евра.
Како што соопштуваат од Основното јавно обвинителство, дел од средствата купувачот оставил на претходно договорена локација, пред да ја преземе дрогата. Кокаинот бил откриен при истрага и претрес во куќа на улицата „Петар Алчев“ во Велес, каде се утврдило дека бил преработуван во крек-форма, со помош на уште две лица.
- Против тие осомничени веќе е изречена првостепена осудителна пресуда, а со дополнителни дејствија се утврди идентитетот и на лицето кое првично ја продало дрогата, стои во соопштението од Обвинителство.
По предлог на јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд во Велес донел решение со кое на осомничениот му определил мерка притвор.
Ново на Сител
-

Зеленски по повод четири години од почетокот на војната во Украина: Путин не ги постигна своите воени цели
-

Приведен криумчар на мигранти од Турција, пронајдени три лица од Египет и три лица од Алжир
-

Поради одрон сообраќајот на дел од патот Катланово-Велес се одвива по една лента
-

Отстранети 615 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје за една недела
-

Најстудено во Берово, на Попова Шапка 90 сантиметри снег
-

Австралија ќе започне истрага за антисемитизам по нападот на плажата Бондај
-

Без струја повеќе улици во Скопје
-

Трамп ги предупреди земјите што „си играат играчки“ со трговските договори со САД дека ќе им воведе уште повисоки царини
