Димитриеска-Кочоска - Славески: Ефикасна координција меѓу монетарната и фискалната политика за макроекономска стабилност

Тековната макроекономска стабилност е приоритет што треба и понатаму да се одржува и унапредува преку добро усогласени и координирани политики, констатираа на денешната средба министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и новоизбраниот гувернер на Народната банка Трајко Славески.
Димитриеска-Кочоска и Славески, како што информира Министерството за финансии (МФ), разменија мислења за тековните економски предизвици и изразија заложба за продолжување и натамошно зајакнување на координацијата меѓу Министерството за финансии и Народната банка во насока на донесување политики што ќе бидат одржливи и во интерес на граѓаните и на стопанството.
Беше истакната и важноста од блиската соработка помеѓу фискалната и монетарната власт за обезбедување предвидлива економска средина, како основен предуслов за побрз економски раст. Дополнително, беше нагласено и значењето на координираниот пристап меѓу сите финансиски регулатори во земјата, за да се овозможи понатамошен развој на стабилен, конкурентен и инклузивен финансиски систем, отпорен на надворешни шокови и во функција на долгорочен економски напредок.
-Министерката Димитриеска-Кочоска и гувернерот Славески изразија подготвеност за континуирана институционална комуникација и соработка, со цел ефикасно справување со тековните и идните економски предизвици, наведува МФ.
Ново на Сител
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
-

Дугин: Почна трета светска војна, следна е Русија
-

Руте: Останете безбедни и чувајте нè безбедни
-

Израел повикува на прекинување на сите врски со Иран
-

Руте пречекан со транспарент „НАТО убива“ од пратениците на Левица
