Зеленски ја поддржа иницијативата на Ердоган за средба со Трамп и Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ја поддржува иницијативата на турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган да се сретне со американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин во Турција, јави Укринформ .
Тој на вчерашната прес-конференција во Киев рече дека без таков состанок нема да има прекин на огнот.
-Ја поддржувам средбата на ниво на лидери бидејќи имам впечаток дека нема да има прекин на огнот пред нашата средба, рече Зеленски.
Белата куќа претходно објави дека Трамп е отворен за поканата на турскиот претседател Ердоган за одржување трилатерални мировни разговори во Турција со руските и украинските лидери.
Ердоган претходно изјави дека Турција ќе преземе чекори за организирање средба меѓу Путин и Зеленски во Анкара или Истанбул, додавајќи дека ќе го покани и американскиот претседател на средбата.
По втората рунда преговори во Истанбул, шефот на украинската делегација, министерот за одбрана Рустем Умеров, изјави дека Киев верува оти сите клучни прашања во преговорите за потенцијално примирје со Русија можат да се решат на ниво на лидерите на земјите и дека предлага таков состанок да се одржи до крајот на месецот.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
