Формула за пресметување на забошотувањето на работа

Веројатно сите, помалаку или повеќе, забошотуваат на работа.
Едно ново истражување, што го направиле група научници од Универзитетот во Калифорнија, покажува дека луѓето не се ни свесни колку време всушност забошотуваат на работа.
Истражувачите заклучиле дека вработените во просек на секои три минути и пет секунди една активност на работното место ја заменуваат со друга, при што во нив спаѓаат и приватни работи или „висење“ на социјалните мрежи.
Според раководителот на истражуваќкиот тим, Глорија Марк, постои формула со која може да се пресемат колку некој забошотува на работа.
Таа вели дека наједноставен начин да се пресмета времето што го трошиме на активности што не се поврзани со работните обврски е бројот на прекини на работата да се помножи со 25.
- Резултатот е бројот на минути колку што сме забошотувале во текот на работното време, додава Марк.
Истражувањето покажало и дека „проверувањето што има ново“ на социјалните мрежи во текот на работното време, всушност и не релаксира и не одмора.
- Одвлекувањето на вниманието од работните обврски, само го зголемува стресот, предизвикува нервоза и ја намалува продуктивноста, истакнува Марк.
Ново на Сител
-

Од полноќ нови цени на горивата
-

GTA 6 урна рекорди: За 24 часа оствари продажба од 3,79 милијарди долари, повеќе отколку „Avengers: Endgame“ за седум години
-

Продавал кокаин додека бил на работа во Затвор Струмица - кривична за полицаец | ФОТО
-

Минусни температури утре и задутре, за викендот снег
-

Минчев: Државната управа мора да биде правно уреден, функционален систем каде секој орган ќе има јасно определена функција
-

Манчевски со два филма истовремено по светските фестивали - „Сестра, брат и шахта“ во Белград, а „Добри луѓе“ во Торино
-

Тројца загинати во пукање на семејна прослава за неродено бебе во САД, меѓу нив и таткото на детето
-

Две третини од домаќинствата во Македонија се без деца, во ЕУ речиси 77 проценти
