Законот за локална самоуправа на 52. пленарна седница

Собранието денеска ќе ги одржи продолженијата на 52. и 41. седница. На дневен ред на 52. седница се Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за локална самоуправа, во второ читање, Предлог на закон за изменување на Законот за културата, по скратена постапка, како и Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, по скратена постапка.
Во рамки на 41. седница пратениците треба да ги ратификуваат Протоколот за изменување и дополнување на Конвенцијата за кривичните дела и некои други акти извршени во воздухоплови, Протоколот за дополнување на Конвенцијата за сузбивање на незаконито грабнување на воздухоплови, Конвенција за спречување на незаконски дејствија поврзани со меѓународното цивилно воздухопловство, Факултативниот протокол на Конвенцијата за правата на детето за постапка по претставки како и измената на Конвенцијата за оцена на влијанието врз животната средина во прекуграничен контекст усвоен во Софија, на 27 февруари 2001 година и втората измена на Конвенцијата за оцена на влијанието врз животната средина во прекуграничен контекст усвоен во Цавтат, на 4 јуни 2004 година. На дневен ред на оваа седница е и Предлог на закон за изменување на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, во прво читање.
Седница ќе одржи и Комисијата за здравство на која треба да бидат соопштени заклучоците од Надзорната расправа на тема: „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“.
Ново на Сител
-

Утре дожд и снег на планините, од петок стабилизирање на времето
-

Украина го објави ревидираниот мировен план од 20 точки, изготвен со САД
-

РКЕ: Зголемено отчитувањето на броилата - 95 отсто на тримесечно ниво, воведени нови мерки за подобра услуга
-

Поради немање кворум одложена седницата на Судскиот совет
-

Апел за помош: Исчезнат е скопјанец, семејството бара помош од граѓаните
-

100 нови амбулантни возила и решавање на паркингот во Клинички центар
-

Пронајдена марихуана при претрес во Штип
-

Скопјанец физички нападнал полицаец кој вршел службени задачи
