Меџити: Азир Алиу предлог за нов министер за здравство, Арбен Фетаи во претседателството на ВЛЕН и вицепремиер за добро владеење
Првиот вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити од коалицијата ВЛЕН денеска пред почетокот на Централното претседателство на ВЛЕН најави дека на вечерашната седница Арбен Фетаи ќе биде вклучен во раководството на ВЛЕН и ќе остане вицепремиер за добро владеење, а Азир Алиу ќе биде нивен предлог за нов министер за здравство по оставката на Арбен Таравари и неговата одлука да замине во опозиција.
-ВЛЕН е комплетиран, вечерва ќе се вклучат и 10 членови од Алијанса на Албанците на чело со Арбен Фетаи во претседателството на ВЛЕН. Исто така е дефинирано тие да бидат дел од претседателството на ВЛЕН, значи да ја тераме битката за локалните избори, битката за новата победа. Воедно, Фетаи останува вицепремиер за добро владеење, додека од ВЛЕН е предлогот Азир Алиу да биде министер за здравство. За другите позиции во Владата ќе одлучи ВЛЕН во наредните денови и ќе бидете навремено информирани, рече Меџити.
Тој кажа дека нивниот предлог за министер за здравство деновиве ќе го поднесат до премиерот Христијан Мицкоски.
-Имаме разговарано, деновиве ќе го предложиме и официјално, рече Меџити на новинарско прашање дали досега е разговарано со претседателот на Владата за тој предлог.
Азир Алиу е поранешниот министер за информатичко општество и администрација и е дел од Алијансата за Албанците која останува во коалицијата „Влен“.
Претходно денеска од ВЛЕН објавија соопштение во кое ја поздравија одлуката на членовите на АА кои избрале да им се приклучат оценувајќи ја како чин на граѓанска одговорност, вреден придонес во процесот на длабока трансформација кој, се наведува, заедно го започнале.
-Во време кога личните интереси и пазарењето зад затворени врати се обидуваа да ја деформираат волјата на 107.000 албански гласачи, овие претставници покажаа дека политичкиот интегритет не може да се купи или отуѓи. Пратеници, министри, директори, високи партиски функционери, раководители на ограноци, раководители на младински форуми и женски форуми, активисти од сите региони јасно и недвосмислено артикулираат дека не се со кланот и планот на Али Ахмети, туку со граѓаните, со надежта и со проектот за промени, стои во соопштението... Започнавме неповратен процес за да донесеме надеж таму каде што беше згасната, да им дадеме глас на оние кои беа игнорирани и да ја вратиме државата во служба на граѓанинот. Добредојдовте во заедничкиот дом на промените!, стои во соопштението.
Вицепремиерот Фетаи, кој е дел од коалицијата „Влен“, придружуван од поранешниот министер за информатичко општество и администрацијана Азир Алиу вчера на прес-конференција официјално соопшти дека тој останува дел од Владата.
Претседателот на едно од крилата на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари на својот Фејсбук профил реагираше по прес-конференцијата на вицепремиерот Фетаи и, како што вели, неговата група од помалку од 40 луѓе, по одлуката дека Алијансата за Албанците е дел од Владата.
Таравари во објавата посочува дека поранешните сопартијци чувствуваат мешавина од вознемиреност и вина, а ги потсети и на одржувањето на локалните избори на октомври на кои, како што вели, ќе победи.
Ново на Сител
-
Eнормно зголемена потрошувачката на вода, неконтролирано се полеваат бавчи и ниви
-
Познат идентитетот на македонскиот државјанин кој загина во сообраќајката во Србија
-
Лишен од слобода возач кој вчера удри пешак во центарот на Скопје
-
Возел пијан и излетал од патот, приведен возач во близина на Македонска Каменица
-
Полицаец во Гостивар украл 25.000 евра и злато вредно 50.000 запленети при претреси
-
Уапсени тројца Турци во Штип, при претрес во нивниот стан најдени 123 семки канабис
-
Две физички пресметки изминатата ноќ пријавени во Тиквешијата
-
Приведен маж од радовишко, извршил обљуба врз 77-годишна жена