Изградбата на каналот Дунав-Морава-Вардар ќе биде кинески инвестициски бум во регионот!

Повторно се актуелизира мега проектот на векот Вардарска долина и пловниот канал од Белград виа Скопје до Солун. Кинеска компанија добила финансиска поддршка за изградба на овој канал кој ќе биде долг над 1.000 километри и ќе биде спас за Србија и Македонија од поплави и елементарни непогоди
Изградбата на пловниот канал Морава-Вардар повторно се актуелизира. На оваа тема деновиве разговараа српскиот претседател Томислав Николиќ со делегација на кинеската компанија "Bonn Project" и со претставниците на институтот " China Design Group". Кинеските партнери се сериозно заинтересирани за инфраструктурни проекти во Србија и регионот, бидејќи каналот Морава - Вардар како мега проект ќе обезбеди живот за многу генерации.
Како што пренесе Танјуг, Николиќ укажал дека проектот Морава - Вардар многу би помогнал во подигнувањето на степенот на заштита на Србија од поплави и други елементарни непогоди. Агенцијата исто така пренесува дека кинеската делегација за каналот разговарала и со македонските парнери.
Идејата за овој проект се возобнови пред три години кога кинеските експерти започнаа да анализираат и потврдија дека пловниот канал Белград-Скопје-Солун е исплатлив. Според тогашните прелиминарните резултати на кинеските експерти студијата пловниот канал Дунав-Морава-Вардар, покажала дека каналот ќе биде економски исплатлив. Според нив изградбата на овој мега проект на векот би чинела околу 17 милијарди долари. Каналот е предвидено да се протега на површина од 10.500 квадратни километри, а за неговата реализација ќе бидат потребни повеќе од десетина години.
Пловниот канал треба да ги спои Дунав, Морава и Вардар, а по него ќе треба да пловат бродови, ќе се реши наводнувањето на земјоделските површини, а ќе има и енергетски објекти за производство на струја.
Директорот на Републичката агенција за просторно планирање на Србија, Драган Дунчиќ тогаш посочи дека експертите од Кина подготвиле детални анализи.
Пловниот канал предвидено е да има излез на Егејското Море преку македонска територија и реката Вардар, а целиот проект, според досегашните најави, ќе биде од големо значење, како системите Рајна-Мајна-Дунав, Одра-Висла или Сена-Рона.
Проектот треба да биде мултифункционален и освен пловидбен систем на патници и стока ќе опфаќа и изградба на пет до седум хидроцентрали, ќе обезбеди заштита од поплави и ерозија, ќе овозможи наводнување на земјоделско земјиште и квалитетно водоснабдување на населението, како и развој на туризмот и наутиката.
Миодраг Јосиќ, кој беше државен секретар на Министерството за градежништво и урбанизам на Србија, укажа дека овој пловен канал целосно ќе го смени ликот на Србија, но и економската, политичката и геостратегиската положба на регионот.
Дел од македонските експерти сметаат дека оваа идеја која е стара повеќе од сто години во денешно време не е така исплатлива, бидејќи во услови кога сообраќајот е толку многу напреднат и развиен тешко дека некој ќе сака да користи поморски.
Повеќе на вечер.мк
Ново на Сител
-

Трамп го претстави логото на Одборот за мир, слично на ОН но со повеќе злато
-

Агелер до македонските граѓани: САД секогаш ќе бидат покрај вас
-

Туск: Важно е САД да ја сфатат разликата помеѓу доминација и лидерство
-

Мицкоски пред инвеститори во Давос ги презентирал проектите „Бошков Мост“ и „Чебрен и Галиште“
-

Невремето „Хари“ предизвика огромни штети во Италија
-

Трамп по средбата со Зеленски му порача на Путин: Војната во Украина мора да запре
-

Франција пресретна руски танкер од „флотата во сенка“ во Медитеранот
-

На состанок на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, утврдена потребата за формирање работна група за измени на Законот за еднакви можности
