Кривична за градоначалникот на Крива Паланка, дозволил поставување урбана опрема на угостителски објект без да се исполнат условите

Одделението за внатрешни работи Крива Паланка, до Основното јавно обвинителство Крива Паланка, поднесе кривична пријава против М.К.(41), Н.Ц.(54) и С.М.(38), тројцата од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 4 од Кривичниот законик.
Н.Ц. - вработен во општина Крива Паланка на работно место самостоен референт за документациони работи и урбана опрема во Одделение за урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина, на 19.12.2024, постапувајќи по барање за одобрение за поставување на урбана опрема поднесено од правно лице - угостителски објект, без да утврди дека не се исполнети условите, изготвил одобрение за поставување на урбана опрема пред деловен простор на улица „Јане Сандански“ во Крива Паланка за периодот од 09.12.2024 до 09.12.2025. М.К. - вработена во општина Крива Паланка како раководител на Сектор за урбанизам, сообраќај, заштита на животната средина и комунална инфраструктура и С.М. - градоначалник на Општина Крива Паланка, го потпишале така изготвеното одобрение и на тој начин му овозможиле на барателот да постави урбана опрема и да се стекне со противправна имотна корист.
Одделението за внатрешни работи Крива Паланка поднесе кривична пријава и против правното лице - угостителски објект и М.М.(36), сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ по член 225 од Кривичниот законик.
М.М., во текот на 2024 година, како и во претходните години, поставил урбана опрема, маси, столови и други украси пред деловен простор на улица „Јане Сандански“ во Крива Паланка, со што заземал вкупно 108.70м² земјиште во државна сопственост, кој пак е прогласен за имот во општа употреба.
М.М., исто така, беа одобрение на узурпираниот дел поставил и настрешница со површина од 82.00 м².
Ново на Сител
-

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е исторски момент за Охрид
-

Ловочувар пронајден мртов со прострелна рана во близина на Виница
-

УЈП со засилени контроли, илјадници даночни обврзници вршат дејност без фискален уред
-

Од понеделник променливо облачно и посвежо, пообилни врнежи во среда и четврток
-

Кавадарчанец физички го нападнал својот 74-годишен татко
-

Приведен кавадарчанец, физички ја нападнал својата поранешна сопруга
-

Мицкоски и Николоски ќе го означат почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, 6 степени во Гевгелија
