Кошта: Го охрабрувам премиерот Мицкоски да ги вложи своите напори за да го овозможи натамошниот напредок во процесот на ЕУ

„Северна Македонија заврши многу работа и затоа треба да останете на тој правец. Пристапниот процес е повеќе маратон, а не брза трка, тоа е напорен процес што понекогаш може да фрустрира, како што се случило и со сите претходни кандидати. Но сите тие ја постигнаа целта, секако и вие ќе ја постигнете целта но со вашата решеност, напорна работа и соработка, ќе успеете на крај со заобиколување на пречките“, изјави претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски.
Кошта истакна дека проширувањето на ЕУ е најдобра стратешка инвестиција во мир, стабилност што сите може да ја направиме. Тој ја поздрави работата на Владата во поглед на реформската агенда, и напредокот што веќе беше постигнат, нагласувајќи дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ.
-Го охрабрувам премиерот да ги вложи своите напори за да го овозможи натамошниот напредок. Може да сметате на нас, на ЕУ, затоа што ние ви стоиме на располагање подговтвени да ја искористите оваа динамика. Клучно е да се продолжи со реформите и да се инвестира во владеењето на правото и борбата против корупцијата. Сакам да ја уважам и вашата усогласеност со нашата заедничка надворешна и безбедносна политика, потенцира Кошта.
Премиерот Мицкоски од своја страна истакна дека нашата посветеност во процесот на ЕУ ќе се засили во процесот што следува и оти достоинствено ќе го одблокираме европскиот пат.
-Нашата поветеност во процеот на ЕУ ќе се засили во процесот што следи, затоа што веруваме дека нашата иднина е во европското семејство - како што кажа претседателот на Совето Кошта, патот до ЕУ е фрустрирачки, но граѓаните на оваа земја го одеа и најтешкиот пат. Се надевам дека во периодот што следи ќе го одблокираме достоинствено европскиот процес и достоинствени ќе бидеме дел од европското семејство, нагласи премиерот Мицкоски.
Ново на Сител
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
-

МЖ Транспорт продолжува непречено да работи, проблемите надминати, платата исплатена
-

Мицкоски: Со линеарното зголемување на пензиите се намалува и стапката на сиромаштија
-

Мајката тврди дека со двегодишното дете гледале огномет, слушнала звук по што видела крв на неговата глава
-

Германскиот полициски синдикат бара итна забрана на приватните огномети по црниот биланс за Нова година
