Почна протестот на семејството на Фросина Кулакова која загина во сообраќајка на „Партизанска“

Пред Универзалната сала попладнево почна протестот што вчера го најави таткото на Фросина Кулакова, по објавувањето на пресудата за сообраќајната несреќа во која загина неговата ќерка во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
— Во моментов имаме силен сомнеж дека се случува еден цел правен инженеринг. Сега и Врховен суд некој го вклучува и излегува со крајно сомнителен термин, го враќа предметот на Васо за дилерство со дрога повторно на Апелација и тоа од чисто формални причини. Очигледна е намерата со игра на датуми да се створи правна конфузија во целата оваа игра што ни ја прават. Сега одбраната ќе бара на Апелација да му се намали казната, бидејќи како отежителна околност во Судот беше тоа што фактички тој бил дилер на дрога, изјави Тодор Кулаков, татко на Фросина.
Протестот продолжува пред Кривичниот суд во Скопје, каде се очекува да бидат соопштени барања за законски измени.
Возачот Васил Јованов, кој на првото рочиште призна вина и изрази каење за стореното, вчера со одлука на Кривичниот суд беше осуден на казна затвор од 12 години.
Семејството на Фросина вчера пораќа дека не се откажува и дека ќе протестира барајќи оставки и смена на ваквиот, како што рекоа, корумпиран судско-казнен систем.
Ново на Сител
-

Зеленски: Разговори со Трамп за распоредување на американски трупи во Украина, одлуката е на САД
-

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси
-

Ѓорѓиевски на ФБ: Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, создадовме програма што ги поврзува сите генерации
-

Сали на Фејсбук: На денешната седница на Владата бев именуван за прв заменик-претседател на Владата
-

ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци
-

Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала
-

Вучиќ: Во 2026 година имаме две цели - мир и најдобра година во економијата
-

Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства
