Без струја утре повеќе делови на Скопје

Без електрична енергија утре од 9:30 до 15:00 часот ќе бидат корисниците на улица „Лука Геров“, подулици 12 и 16 во општина Ѓорче Петров.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е заради извршување технички зафати во електро-системот.
Од 8:00 во 15:00 часот без струја ќе бидат и корисниците на булевар „Борис Трајковски“, подулица 11 во општина Кисела Вода и улица „Пролет“ во општина Центар.
Без струја од 8:30 до 12:30 часот ќе бидат корисниците во населба Илинден, дел од улиците 512, 513, 517, 5278, 528, 529, 530 и 532 во општина Илинден.
Од 7:30 во 8:30 часот без елекртична енергија ќе бидат корисниците од село Батинци на улица 6, а во периодот од 9:30 во 15:00 часот и улиците „Нов Живот“, „Вашингтонска“, „Дринска“ и „Винича“ во Шуто Оризари.
Без електрична енергија утре од 9:00 до 15:00 часот ќе бидат дел од улиците „Козара“ и „Ѓуро Ѓаковиќ“ број 51, влез 1, 2 и 3 во општина Центар. Додека од 7:30 до 17:00 часот и дел од улиците „Шуто Оризари“ према Горно Оризари и околината, во општина Шуто Оризари.
Од 9:00 до 14:30 часот без струја ќе останат корисниците од населба Крњево позади комплексот факултети во општина Центар, додека од 10:00 до 15:00 часот село Визбегово улица 3 и останатите корисници во тој реон на општина Карпош.
Во период од 9:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат и викендички во Побожје, селата Бродец, Танушевци, Мирковци, Кучевиште и Побожје и Малина Маала, во општина Чучер Сандево.
Ново на Сител
-

Тројца тетовчани се обиделе да измамат полицајци со лажна сообраќајка
-

МФ: Трезорот продолжува со редовна исплата на налози, исплатени субвенции, плати, К-15 и капитални расходи
-

Владата ќе донира 100 нови комби возила за Македонска пошта
-

Мицкоски: Каменот тежи на своето место, ни треба секој родум од Македонија кој може да придонесе за развој на татковината
-

Утре дожд и снег на планините, од петок стабилизирање на времето
-

Украина го објави ревидираниот мировен план од 20 точки, изготвен со САД
-

РКЕ: Зголемено отчитувањето на броилата - 95 отсто на тримесечно ниво, воведени нови мерки за подобра услуга
-

Поради немање кворум одложена седницата на Судскиот совет
