Цените на производите во грчките супермаркети речиси непроменети во споредба со лани

Во април годинава цените на производите во супермаркетите во Грција, минимално се зголемиле споредбено со истиот период во 2024 година, зголемување од само 0,23 отсто, согласно податоците од Институтот за истражување на малопродажба на стоки за широка потрошувачка (ИЕЛКА), јави дописничката на МИА од Атина.
Од истражувањето што било спроведено во големи супермаркети, произлегло дека во текот на 12-месечниот период од мај 2024 до април 2025 година се забележува намалување на цените од 0,34 проценти, додека пак во април 2025 година во споредба со претходниот месец цените се за 0,79 отсто пониски.
Најголеми намалувања на цените во изминатите 12 месеци има кај детергентите и средствата за чистење (за 9,43 отсто), кај храната и продукти за домашни миленици (за 5,98 проценти), кај прехранбените производи (за 4,90 отсто), свежото тесто и замрзнатите производи (4,05 проценти) и кај канцеларискиот материјал, козметиката и средства за лична хигиена (за 3,36 отсто).
Според ИЕЛКА, конкретните намалувања се резултат и на нормализацијата на пазарот по пандемијата и на намалувањето на цените на производителите за одредени производи.
Од друга страна има и низа поскапувања, а најголеми зголемувања на цените во изминатата година има кај бисквитите и чоколадите (за 14,45 проценти), кај свежото месо (10,08 отсто), кај свежата риба и морски плодови (за 2,79 проценти), свежото овошје и зеленчук (1,80 отсто) и кај водата и безалкохолните пијалаци и сокови (1,55 проценти).
– Меѓународните цени на какаото и кафето секако влијаат врз категориите на кондиторски производи и пијалаци. Во однос на зголемувањето на цените на свежото месо, ова се должи, прво на намалувањето на добитокот во 2024 година, поради болести кај животните во повеќето области, а второ на зголемувањето на меѓународните цени за увезените видови, особено телешкото месо (поголемиот дел од телешкото и свинското месо што се консумира во Грција е увезено). Зголемувањето на свежото овошје и зеленчук е поврзано со временските услови со пониски температури во 2025 година во споредба со 2024 година, соопштија од ИЕЛКА.
Ново на Сител
-

Лажни СМС пораки за казни од „Безбеден град“, МВР апелира на претпазливост
-

МЗ: Првпат се регулираат сите никотински производи со новиот предлог-закон за заштита од пушењето
-

Гроси предупредува: Оштетени се клучни трафостаници, Чернобил остана без надворешно напојување
-

Фредериксен: Данска не преговара за суверенитет, најлошото можеби допрва доаѓа
-

Трамп во четврток во Давос ќе ја потпише Повелбата на Одборот за мир во Газа
-

Затекнати 15 малолетници, од кои 11 пиеле алкохол на прослава во кумановско Доброшане
-

Четири лица завршиле на болница откако настанал проблем во системот за циркулација на вода на базен во Охрид
-

Приведен водач на навивачка група од Тетово, учествувал во тепачка и оштетил возило
