Федерален апелациски суд го отфрли барањето на Трамп за одземање на статусот на илјадници мигранти

Американскиот федерален апелационен суд во Бостон го отфрли барањето на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да му дозволи да го поништи привремениот легален имиграциски статус на стотици илјади Кубанци, Хаиќани, Никарагванци и Венецуелци кои живеат во САД.
Суд во Бостон одби да ја поништи претходната пресуда со која се спречи обидот на Министерството за внатрешна безбедност да го скрати двегодишниот период на привремен легален статус на имигрант што 400.000 луѓе го добија за време на претходникот на Трамп, демократот Џо Бајден.
Барањето на администрацијата на Трамп е продолжение на напорите на претседателот за запирање на имиграцијата и зголемување на бројот на депортации, вклучително и оние на кои претходно им беше доделено право да живеат и работат во САД.
Администрацијата тврдеше дека министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноел имала овластување да го прекине статусот на мигрантите и дека судската одлука ја принудува американската Влада да „притвори стотици илјади странци во земјата против нивна волја“.
Пресудата е донесена во парница што ја поднесоа застапници за правата на имигрантите со која се оспорува одлуката за прекинување на неколку програми од ерата на Бајден, кои им дозволија на украинските, авганистанските, кубанските, хаитските, никарагванските и венецуелските мигранти да влезат во САД.
Администрацијата сега може да го повика Врховниот суд да се вмеша во решавањ ена прашањето.
-Администрацијата на Трамп е посветена на враќање на владеењето на правото во нашиот имиграциски систем, изјави портпаролката на Министерството за внатрешна безбедност, Триша Меклафлин. „Ниту оваа, ниту која било друга пресуда нема да нè спречи да го сториме тоа“, додаде таа.
Ново на Сител
-

Крај за цигарите во фри-шопот на Евзони, продажбата запрена од 31 декември 2025
-

Анел Фидоски избран за јавен обвинител на ОЈО Скопје, Бубевски отпадна
-

Уапсени десет лица во Грција за нелегален софтвер на бензински пумпи за точење помалку гориво од прикажаното
-

НБА ги објави почетните состави за натпреварот на ѕвездите
-

Приведени четири возачи, управувале возила под дејство на алкохол, а двајца предизвикале и сообраќајни незгоди
-

Пиштол пронајден во „шкода“ на територија на Кисела Вода, приведен 37-годишен скопјанец | ФОТО
-

Куманово: Во 1 по полноќ влегле во кафана бидејќи сакале да пијат алкохол, газдата не им дозволил па го истепале
-

Грчките земјоделци денеска ќе одлучат дали ќе продолжат со протестите и блокадите или ќе се повлечат
