Шверцерите на мигранти ги менуваат маршрутите за да ги избегнат патролите на НАТО во Егејско Море

Шверцерите на луѓе и натаму продолжуваат да превезуваат мигранти од Турција за Грција, менувајќи ги маршрутите за да ги избегнат патролите на НАТО, така што приливот на мигранти кон грчките острови воопшто не е прекинат, јави БТА.
Меѓу 20 и 40 чамци се уште секојдневно прават „тури“, внимавајќи да не бидат пресретнати од седумте патролни бродови на НАТО, за ДПА изјави командантот на мисијата Јорг Клајн.
- Кога сме на соодветното место веднаш дејствуваме. Но, шверцерите се многу прилагодливи и ги менуваат маршрутите, изјави тој.
Присуството на НАТО во неколкуте изолирани станици на крајбрежниот појас не е доволно, смета Клајн, кој, исто така, е капетан на бродот „Бон“.
-Ако го отсечеме Лезбос во целост можеме да очекуваме приливот мигранти да се насочи по нов пат, додаде тој, имајќи ги предвид грчките острови што се наоѓаат на помалку од 20 километри од турскиот брег.
Бројот на мигранти кои секој ден доаѓаат на Лезбос и другите острови речиси и да не е променет од почетокот на операцијата на НАТО во Средоземно Море, минатиот месец, која во моментов е ограничена за момента на морето меѓу Лезбос и Турција.
Според Клајн, операцијата треба што поскоро да биде проширена на другите крајбрежни региони во Егејско Море.
Ново на Сител
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
