Генерален штрајк во Белгија
Во организација на двата најголеми белгиски синдикати, Генералната федерација на трудот на Белгија (ФГТБ/АБВВ) и Конфедерацијата на христијанските синдикати (ЦСЦ/АЦВ) денеска во Белгија се одржува еднодневен генерален штрајк поради плановите на Федералната влада за намалување на буџетските трошоци за социјални цели и за реформи во пензискиот систем.
– Овие владини мерки ги поткопуваат правата на работниците и темелите на социјалната солидарност во Белгија, се наведува во заедничката синдикална најава за штрајкот.
Според синдикатите, со новите владини планови Белгијците ќе мора да работат подолго за пониски пензии, ќе се еродира Законот за државни службеници и ќе се намали помошта за невработените и за хронично болните лица.
– Соочени со Влада која ги штити интересите на големите компании и најбогатите на сметка на работниците, пензионерите, младите, жените и најранливите граѓани, повикуваме на масовен отпор низ целата земја, се додава во пораката.
Во рамки на штрајкот предвидени се протестни маршови во Брисел, Антверпен, Гент, Шарлроа, Турне, Ајпен, Вервје, Лувјер, Лиеж и Намур.
Централниот протест ќе се одржи во Брисел. Тој ќе започне во 10 часот од пред железничката станица „Брисел-Север“, од каде демонстрантите ќе се упатат кон плоштадот Монт де Арт, кој се наоѓа во централното градско подрачје во реонот на Кралската палата и зградите на Федералниот парламент и на повеќе државни институции. На плоштадот е предвидено да се одржи собир на кој ќе се обратат неколкумина синдикални претставници.
За време на претходниот генерален штрајк на 31 март беше блокиран поголем дел од земјата, но на денешниот протест нема да учествуваат вработените во јавните комунални служби и општините, кои се очекува да функционираат нормално, како и во образовниот сектор.
Поради штрајкот се очекува да бидат откажани 30 до 50 проценти од летовите на бриселскиот аеродром „Завентем“, додаде останатите слетувања и полетувања се очекува да се реализираат со можни доцнења. Од друга страна, откажани се сите летови од аеродромот „Брисел-Шарлроа“, од каде сообраќаат и авионите на релација Скопје-Брисел и обратно. На патниците за Скопје им е препорачано да го презакажат патувањето за друг ден, а во случај на неопходност за патување во текот на денов да се пренасочат кон аеродромот во Мастрихт.
Ново на Сител
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица
-
33-годишна жена загина, а шест лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
-
ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка