Николоски: Имаме јасна цел извозот во Велика Британија да расте и во скоро време да ја надминеме бројката од три милијарди евра
Продлабочувањето на економската соработка меѓу двете држави, било тема на разговор на денешната средба во Лондон меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и министерот за извоз и економија на Велика Британија, Герет Томас, реализирана во рамките на посетата на високо ниво на Велика Британија.
- Македонија извезува околу 2,5 милијарди евра во Велика Британија и имаме јасна цел тој извоз да расте и во скоро време да ја надминеме бројката од три милијарди евра извоз, што сериозно ја помага македонската економија, значи добро платени работни места и секако ќе значи нови работни места. Со министерот за извоз и економија на Велика Британија зборувавме за инфраструктурни проекти што ги раководам како министер за транспорт и потпретседател на македонската влада, разговаравме за развојот на железницата, за развојот на автопатите и авиосообраќајот и можностите што Велика Британија ги има за да и помогне на Македонија, изјави Николоски по средбата и додаде дека Велика Британија е наш втор трговски партнер.
Разговаравме, додаде, и за финансиските можности што ги има Велика Британија, секако и околу знаењата кои може да ни ги пренесе.
- За таа цел остваривме и средба со компанијата „Crossrail“, која е на британската влада и која ја изведе првата целосно дигитализирана метро линија во Велика Британија, тоа е линијата наречена по кралицата „Елизабета“. Во текот на денот ќе имаме средби и со претставници на финансиски институции тука во Лондон, ќе имаме средби и со други институции кои што можат да и помогнат на Република Македонија. Ќе имаме многу значајна средба со извозната агенција на Велика Британија, а во текот на утрешниот ден продолжуваме со средби со министерот за Европа, специјалниот пратеник за Западен Балкан, како и Министерството за надворешни работи, рече Николоски.
Посетата на Лондон ја оцени како нов чекор во соработката со Велика Британија.
- Со тоа ја позиционираме Македонија како стратешки партнер во Југоисточна Европа на Велика Британија, нешто што е чекор напред за сите македонски граѓани и долгорочно партнерство со држава која има огромна традиција, силна економија и како што велат е последната империја во светот, посочи Николоски.
Ново на Сител
-
Превентивни активности за безбедно патување во летни услови
-
Мицкоски: Будно ја следиме состојбата со Иран и Израел, активиран е кризен штаб во МНРиНТ
-
Кац: Техеран ќе гори ако продолжат иранските напади врз Израел
-
Велешанец нападнал малолетничка и се заканувал на полицијата - моментално е во бегство
-
42-годишник од Виница возел со 2,99 промили во крвта, се превртил на патот
-
Убиени уште двајца виско рангирани ирански генерали
-
Неколку земји на Блискиот Исток повторно го отвораат водушниот простор за цивилен сообраќај
-
Тешко повреден скопјанец откако излетал од пат со возило