Кампања на Царинска управа „Стоп за корупција“ за зголемување на свеста за опасностите кои ги носи корупцијата

Не замижувај и ти можеш да ја спречиш корупцијата - биди дел од прогресот на твојата држава. Корупцијата е двонасочна - и давање и примање мито е криминал“, е главната порака на Царинска управа упатена до граѓаните преку кампањата „Стоп за корупција“.
Во рамки на кампањата „Стоп за корупција“, до 25 април на граничните премини и царинските испостави ќе се делат брошури преку коишто јавноста ќе може да се информира за начините за пријавување корупција, како и за штетните последици што ги предизвикува истата.
-Ги повикуваме сите граѓани кои ќе бидат сведоци на корупција истото да го пријават на отворената телефонска линија 197 на Царинската управа. Корупцијата ја поткопува националната безбедност и доведува до даночни загуби, при што како Царинска управа преземаме сеопфатен пристап се со цел целосно сузбивање на корупцијата. Детектирани се ризични точки по кои делуваме преку зголемени контроли, но и спроведување на брзи и ефикасни истраги, велат од Царинската управа.
Во текот на изминатите денови, како што се наведува во соопштението, кампањата беше спроведена на граничните премини и царинските испостави Аеродром Св. Апостол Павле Охрид, Меџитлија, Прилеп, Богородица, Гевгелија, Дојран, Блато, Струга, Ќафасан.
-Годинава Државната комисија за спречување на корупцијата во извештајот за 2024 година не оцени на високо петто место од вкупно 72 институции во спроведување на политики за интегритет, при што особено се забележани подобрувања во делот на идентификуваните точки на ризици од корупција, како и преземени конкретни чекори за спречување судир на интереси меѓу кои и изречени дисциплински, но и откази за царински службеници кои постапувале спротивно на законите, истакнуваат од Царинската управа.
Ново на Сител
-

На демонстрантите во Иран ќе им се суди како на непријатели на Бог
-

Стабилно и потопло време до петок, за викенд дожд и снег на планините
-

Повеќе пари за новороденчињата во Гази Баба: Поддршката се зголемува на 8.000 денари
-

СПМ ја поддржува иницијативата за укинување на "техничката влада"
-

СЗО предупредува: Алкохолот во Европа е премногу евтин и достапен
-

Лажни реклами за онлајн казина кружат на социјалните мрежи, алармира АПИС
-

Истражување: Повеќе од 388 милиони христијани доживеале прогон поради својата вера во 2025 година
-

Франција ќе отвори конзулат на Гренланд
