Определени мерки за претпазливост за шест од вкупно седум полициски службеници осомничени за пожарот во Кочани

Основниот кривичен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост против шест полициски службеници, од вкупно седум осомничени за тешки дела против општата сигурност во врска со пожарот во Кочани.
Осомничените полициски службеници денеска по предлог на јавниот обвинител беа изведени пред судија на претходна постапка, по што, како што информираат од Кривичен, им се изречени мерки за одземање на патните исправи, забрана за напуштање живеалиште, јавување во суд, забрана за контакти со останати обвинети и осомничени, како и забрана за преземање одредени работни активности.
Обвинителството денеска отвори истражна постапка против десет полициски службеници за пожарот во Кочани, од кои за седуммина предложи определување мерки за претпазливост, додека останатите тројца осомничени, како што информираа од Обвинителство, обезбедени се со претходната постапка.
Од Републичкото јавно обвинителство велат дека во конкретниот случај постои основано сомнение дека осомничените во временскиот период од 7 декември 2012 година до 21 јануари 2022 година, како соизвршители, сториле кривично дело Тешки дела против општата сигурност.
Осомничените како службени лица вработени во СВР Штип и ПС ОН Кочани, во тој временски период, како соизвршители, не постапиле според прописите за мерките за заштита – не извршиле целосна и детална проверка во врска со издавање на позитивна согласност за издавање лиценца за Кабаре „Пулс“, во делот на безбедноста во сообраќајот и јавниот ред и мир.
Со издавањето на согласностите сите заедно му овозможиле на правното лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност, иако истото не ги исполнувало предвидените услови.
Десетте полициски службеници добија кривична пријава во врска со пожарот во кабарето „Пулс“ во Кочани во кој починаа 61 лица, а над 200 беа повредени.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница
-

Трамп до Иран: Отворете ја проклетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол
-

Мицкоски: Се разгледуваат нови мерки ако за тоа има потреба, ќе се одредуваат согласно глобалните состојби
-

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола
-

Три жени нападнати од своите сопрузи во Скопје во последното деноноќие, во Штип синот го нападнал својот татко
-

Мицкоски: Состојбата со горивата во овој момент е стабилна, нема потреба од какво било ограничување
-

Малолетници консумирале алкохол во угостителски објект, а во една обложувалница биле затекнати малолетници
-

Папата: Не молчете пред светските конфликти
