ПСЖ и Барселона поразени, но се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите

Големата драма на „Вила Парк“ му отиде во прилог на ПСЖ, кој го загуби натпреварот, но обезбеди пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА.
Астон Вила на домашен терен славеше со 3:2, но Французите во Бирмингем пристигнаа со два гола предност, па победата од еден гол не беше доволна.
„Лавовите“ херојски се претставија во своето прво четвртфинале од 1983 година. Оставија се на теренот, но нивниот напор не беше доволен за историски резултат.
Имаа одлично отворање во второто полувреме кое за малку ќе го претвореа во неверојатен пресврт. На крајот Џанлуиџи Донарума ја облече херојската мантија и со исклучителни одбрани го зачува водството на Парижаните во оваа пресметка.
Фудбалерите на Барселона пред една недела ја елиминираа Борусија Дортмунд (4:0), а вечерва само го доведоа до крај пласманот меѓу четирите најдобри екипи во Лигата на шампионите. Акцент ќе ставиме на „само“, бидејќи беа поразени на преполниот „Вестфален“ со 3:1 (1:0) и којзнае што ќе се случеше доколку не одиграа одлично на свој терен.
На голот вечерва го имаа и брилијантниот Војчех Шчесни, а „милионерите“ дефинитивно ги надиграа во реваншот. Топката им ја препуштија на Ламин Јамал, Рафиња, Левандовски и останатите волшебници од друштвото на Ханси Флик, но тоа го надоместија со повеќе шанси. Особено во првото полувреме, кога безмилосно, на свој начин го напаѓаа големиот плус на противникот.
На крајот Каталонците издржаа и се пласираа во ново полуфинале во најпрестижното клупско натпреварување во светот.
Четвртфинале на Лигата на шампионите на УЕФА:
Вторник:
Борусија Дортмунд - Барселона 3:1 (1:0)
Астон Вила - ПСЖ 3:2 (1:2)
Среда:
Реал Мадрид - Арсенал 21.00 часот
Интер - Баерн 21.00 часот .
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
