Утре и задутре посебен режим на сообраќај во Скопје и на патот ГП Блаце - скопска обиколница
Министерството за внатрешни работи информира дека утре и задутре ќе се преземат мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците во поширокото централно подрачје на Град Скопје и на патниот правец граничен премин Блаце – скопска обиколница.
Поради пуштањето во употреба на системот на заеднички гранични проверки „One Stop Shop“, утре 10:30 до 12:00 часот, СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на патниот правец граничен премин Блаце – скопска обиколница.
В недела, пак, поради одржување улична трка, од 10 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот.
Трасата на движење ќе почне од булевар „Илинден“, пред фонтана „Лотос“ (старт и цел), право долж булеварот „Илинден“ до крстосницата со булеварот „8 Септември“ каде се врти полукружно назад по булевар „Илинден“ до целта фонтана „Лотос“.
Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.
Ново на Сител
-
Зеленски вели дека Кина и доставува оружје на Русија
-
Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите кај „Млечен ресторан“
-
Странските студенти во САД масовно поднесуваат тужби против нивна депортација
-
Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје
-
Водата во Дебар, пред пиење мора да се преврива
-
Кос-Жељазков: Европската интеграција носи стабилност и безбедност во регионот на Западен Балкан
-
Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори
-
По повод Велигден автобусите од јавниот превоз во петок и понеделник ќе сообраќаат по неделен возен ред