Горивата поевтинуваат од два до 2,5 денари за литар
Дизел горивата и бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95 од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,85 отсто во споредба со претходната пресметка.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 74 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 76, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 66,5, а Екстра лесно масло за горење (ЕЛ-1) за 66,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 1,041 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазут М-1 НС и ќе се продава за 38,965 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 5,268 отсто, кај дизелот за 4,58, кај екстра лесното масло за 4,57 и кај мазутот за 3,281 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3532 отсто.
Ново на Сител
-
Охриѓанец завршил во болница откако голтнал ќесичка кокаин за да не го фати полиција
-
1425 сообраќајни прекршоци изминатите два дена на територија на цела држава, 333 за брзо возење
-
Ужас во Охрид: 50-годишник повеќе пати силувал девојче кое не наполнило 15 години, девојчето се породило во март
-
Незапаметен случај на лихварство во Охрид: Маж (35) и жена (39) изнудиле 1.160.000 евра
-
Српски воен падобранец загина по скок со падобран
-
Мајкл О’Флаерти: Северна Македонија да продолжи со посветеност на правата на Ромите
-
РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници
-
Почина Николче Здравески, легендата на прилепскиот фудбал