Влада: Зголемени платите во здравството за 5 проценти, капитацискиот бод за матичните лекари и гинеколозите за 33 отсто, за стоматолозите за 23 проценти

Владата се грижи подеднакво за сите. Здравствените реформи носат резултати. Конечно македонското здравство се ресетира, освен бројните реконструкции во здравствените установи сѐ со цел подобрување на здравствена заштита и услуга на пациентите, растат и платите на здравствените работници, медицински сестри кои неуморно се борат за здравјето на граѓаните, соопшти владината прес-служба.
Од државниот буџет се обезбедени 550 милиони денари за раст на платите во здравството, посочуваат од Владата. За само 6 месеци, здравствените работници, медицински сестри, технички и административен персонал добија второ покачување од 5 проценти, со што платата на докторите е зголемена за 4.815 денари, додека на медицинските сестри за 6.200 денари. Дополнително, со Буџетот се издвојуваат околу 4.5 милијарди денари за зголемување на капитациониот бод за матичните доктори од општа медицина и гинекологија од 75 на 100 денари или зголемување од 33 проценти, додека за стоматологија од 61 на 75 денари односно зголемување од 23 проценти.
- Со ова покажуваме дека никој не е заборавен и изоставен, напротив максимално се трудиме за унапредување и поддршка на здравствениот систем и поттикнување на мотивацијата на матичните лекари. Наша цел е до крајот на мандатот, платите во здравството да се покачат за 50 проценти. Работиме посветено и одговорно, за Македонија повторно да биде ваша, се наведува во соопштението од Владата.
Ново на Сител
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
-

Валандовец украл автомобил и го управувал без возачка
-

Иран ги предупредува САД дека ќе се соочат со „нов Виетнам“ ако испратат војници
