Шест сообраќајки изминатите 24 часа во Скопје
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на град Скопје се случиле вкупно шест сообраќајни незгоди, од кои четири се со последица материјална штета и две се со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле четири лица.
Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.
Триесет и четири возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, шест возачи поминале на црвено светло на семафор, како и девет возачи за време на управување со возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.
Санкционирани се и седум пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор за пешаци.
Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 71 возило.
Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во ОУ „Васил Главинов“, општина Чаир.
Ново на Сител
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф
-
ОЈО Скопје прибавува и анализира докази за Палчо, истрагата за останатите петмина осомничени во завршна фаза
-
Најмалку четворица мигранти загинаа во сообраќајна несреќа во Хрватска
-
Запленети 4,8 килограми злато при влез на ГП Богородица