Задолжителна употреба на зимска опрема на патот Тетово – Попова Шапка
Поради врнежи од снег, на патниот правец Тетово – Попова Шапка од 18.00 часот се воведува задолжителна употреба на зимска опрема (ланци) за сите видови возила, соопштија денеска од ЈП „Македонија пат“.
Исто така, денеска од 15:25 часот поради врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Од 16:20 часот се воведе забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато, а од 17.00 часот забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково.
Како што соопштија од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на „Македонија пат“.
Ново на Сител
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци
-
Полицаец од Матејче крадел струја за неговата чајџилница
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Кошаркарската федерација ќе добие нов претседател
-
ПСЖ на чекор од финалето во Лигата на шампионите: Французите го победија Арсенал среде Лондон