Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, сведочи Кешишев
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска со сведочење на обвинетиот Влатко Кешишев. На денешното рочиште е предвидено прашања да му поставува обвинетиот Љупчо Палевски и неговиот бранител.
На изминатото рочиште Кешишев изјави дека Панче и Вања прв пат ги видел по објавите на Фејсбук за нивното исчезнување. Тој сведочеше за нивните грабнувања при што според неговите одговори за истите во главно имал улога да чува стража.
Одговарајќи на прашања на јавниот обвинител кои се фокусираа на комуникациите со сообвинетите, мотивите и свесноста на обвинетиот за сериозноста на ситуацијата, Кешишев призна дека бил под влијание на Љупчо Палевски, но тврди дека не бил целосно свесен за своите дејствија.
Откако обвинителството заврши со прашањата, судењето продолжи со читање на исказот на Кешишев од страна на судијата Ивица Стефановски, со цел обвинетиот Љупчо Палевски, кој претходно беше отстранет од судењето поради сомневање за влијание на исказот на Кешишев, да се запознае со исказот.
Според најавеното, по сослушувањето на Кешишев, треба да сведочат таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и Љупчо Палевски.
Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.
Ново на Сител
-
Гужви на граница
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни
-
Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство
-
Уапсен е гевгеличанецот кој со месеци демнел семејство од Скопје
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци