Шкендија длабоко жали за жртвите во Кочани и се оградува од неодговорно однесување на поединечни навивачи
Раководството на фудбалскиот клуб Шкендија вечерва излезе со реакци по скандалозното однесување на одредени навивачи за време на едноминутниот молк со кој се оддаде почит на загинатите во трагедијата во Кочани на денешниот натпревар со Брера.
На стадионот во Тетово пред почетокот на средбата во минутата молчење од почит кон загинатите, одредени навивачи пееја песни и довикуваа.
- Шкендија со целосна одговорност ја следи и почитува секоја институционална одлука поврзана со чувствителните моменти за општеството. Како клуб, длабоко ја доживеавме трагедијата што се случи во Кочани, настан кој ја шокираше целата земја и емоционално влијаеше на нашиот секојдневен живот. Ова чувство беше присутно на секој тренинг во овие денови, а се одрази и на натпреварот против АП Брера, каде и покрај победата од 2:1 и одржувањето на првото место на табелата, тимот не ја доживеа вообичаената радост по натпреварот.
Во овој контекст, Шкендија ја почитува минутата молчење што ја воведе Фудбалската федерација на Македонија во чест на жртвите. Сепак, во овој момент, група поединци на трибините избраа да не го почитуваат молкот, однесување кое не го претставува ниту клубот ниту навивачката база во целина. „Балистите“, кои вообичаено стојат на трибината на „Маршин Беќири“ зад голот, овојпат беа сместени на централната трибина. На стадионот имаше околу 3-4.000 гледачи, додека само група од околу 20 поединци покажаа неодговорно однесување, што не ги претставува чувствата, солидарноста и почитта на мнозинството присутни навивачи.
„Балистите“ се 12-ти играч на клубот и отсекогаш биле нераскинлив дел од Шкендија, но неодговорното однесување на одредена група поединци не го отсликува ставот на навивачката група која моментално е во процес на реорганизација, ниту на останатата јавност која во тој момент реагираше со свирежи за изразување на незадоволството, стои во соопштението на „црвено-црните“ од Тетово.
Шкендија уште еднаш изрази жалење за ваквата состојба и го повтори својот непоколеблив став за почит кон изгубените животи и болката низ која поминува целото општество.
Ново на Сител
-
Трамп: Иран мора да се откаже од нуклеарното оружје или да се соочи со воен одговор
-
Унгарскиот парламент усвои уставен амандман за забрана на јавните ЛГБТКју+ активности
-
Премиерот Мицкоски се сретна со претседателот на ОАЕ шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан
-
Калас: Западниот Балкан е во Европа и местото му е во ЕУ
-
Со последните напади Русија јасно покажа дека не сака мир, порача Калас
-
Намален бројот на населението во Јапонија, за една година 550.000 луѓе помалку
-
Трамп ги обвини Бајден и Зеленски за војната во Украина
-
На ГП Табановце викендов влез и излез оствариле скоро 37 000 македонски државјани